![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/47/Faithful_Dog_Hachiko_Photo.png/640px-Faithful_Dog_Hachiko_Photo.png&w=640&q=50)
Хачико
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хачикоо (јап. ハチ公code: ja is deprecated ), или само Хачико на македонски изговор, било куче од јапонската раса Акита ину што се памети по неговата икслучителна лојалност кон неговиот сопственик, Хидесабуроо Уено, кого продолжило бескомпромисно да го чека на Шибуја железничката станица дури девет години по смртта на Уено.[2]
Хачикоо (ハチ公code: ja is deprecated ) | |
---|---|
![]() | |
Хачикоо (1934 г.) | |
Вид | Куче (Канис лупус фамилиарис) |
Раса | Акита Ину |
Пол | Машко |
Познато по | За истрајното чекање на неговиот починат сопственик, повеќе од 9 години до неговата смрт. |
Одликувања |
|
Титула | чуукен Хачикоо (忠犬ハチ公code: ja is deprecated , верното куче Хачико) |
Господар | Хидесабуроо Уено |
Тежина | 41 кг |
Висина | 64 см[1] |
Изглед | Златно-кафеав со бела (праскино бела) боја на челото. |
Хачико е роден на 10 ноември 1923 година, во фарма во близина на градот Оодате, Акита.[3] Во 1924 година, Хидесабуроо Уено, професор на Универзитетот во Токио, го донел да живее во Шибуја, Токио, како негово милениче. Хачико обично го чекал Уено на железничата станица Шибуја секој ден по неговото патување до дома. Ова продолжило до 21 мај 1925 година, кога Уено починал од церебрална хеморагија додека бил на работа. Од тогаш, па сè до неговата смрт на 8 март 1935 година, Хачико секој ден се враќал на Шибуја станицата очекувајќи го враќањето на Уено.
За време на неговиот живот, кучето се сметало во јапонската култура како пример за лојалност и верност. Скоро по еден век од неговата смрт, тоа продолжува да биде запаметено во светската популарна култура, со споменици, филмови, книги и појави во различни медиуми. Хачикоо на јапонски јазик е познато како „чуукен Хачикоо“ (忠犬ハチ公, „верното куче Хачико“), со хачи што значи „осум“ и „-коо“ што потекнува како наставка што некогаш се користела за античките кинески кнезови; така, Хачико грубо може да се преведе како „Г-дин Осум“ или „Кнез Осум“.[4]