Хархорин
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хархорин (монголски: Хархорин) — град и административен центар на истоимената област во покраината Оворхангај во Монголија. Градот има вкупно население од 8.977 жители и површина од 20.5 км2.
Хархорин се наоѓа на долниот дел на горната долина на реката Орхон. Во близина се Хангајските планини.
Во близина на градот се наоѓаат рушевините од античкиот град Каракорум, кој за кратко време бил главен град на Монголското Царство под раководство на Огедеј Хан. Од голема значајност е и Ердене Зу манастирот што се наоѓа во близина на Хархорин.
Главен извор на егзистенција во градот е туризмот и земјоделството. Водите на реката Орхон служат за наводнување на полињата. Во Хархорин се наоѓа и Хархорин аеродромот со една писта и со летови до Улан Батор.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.