Харбург (кварт)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Харбург е кварт (Stadtteil) во истоимениот округ (Bezirk) на Хамбург, Германија.
Харбург | |
Кварт во Хамбург | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Харбург |
Основни податоци | |
Површина | 4 км2 |
Население | 21.193 (31 декември 2006) |
- Густина | 5.298 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Харбург во градот Хамбург | |
Координати | 53°28′0″N 9°59′0″E |
Замокот наречен Хоребург, значејќи мочуриштен замок, веројатно бил подигнат од грофовите на Штаде, да ја обезбеди источната граница на грофовијата. Најстарите докази го спомнуваат замокот во 1133 и 1137. Надвор од замокот се развила населба. Како религија, Харбург припаѓал на Бискупијата Верден (до 1648). Во 1257, областа станала дел од војводствот Брауншвајг-Линебург. По поделбата на неговата династија во 1267, Харбург бил дел од Кнежевството Линебург (Целе) на Брауншвајг-Линебург. Во 1288, населбата надвор од замокот добила општински права, а во 1297 и градски права. Градот бил тогаш центар на Областа Харбург (Vogtei Harburg).
Откако војводата Ото (1495–1549), кој владеел заедно со неговиот брат војводата Ернест I со Линебург-Целе, се оженил со жена недостојна за неговата положба, бил принуден да абдицира и да се откаже од владеењето на кнежевството во 1527. Ото можел да постигне договор, дозволувајќи му нему и на неговото семејство да живеет во замокот Харбург и да ја владее неговата област, Област Харбург, меѓутоа, како феуд на Линебург-Целе. Така, Харбург станал главен град на Кнежевството Харбург, кое продолжило да постои си синот на Ото, војводата Ото II од Харбург (1528–1603) и внукот, војвода Вилијам Августус (1564–1642). Со неговата смрт, се прекинала врската на машки потомци и областа се обединила со Линебург-Целе.
Во 1705, линијата на Линебург-Целе била прекината и кнежевството го наследил, војводата Џорџ Луис од Брауншвајг-Линебург (Каленберг), владеел со кнежевството Каленберг, подоцна преимеменувано како изборно кнежевствоБрауншвајг-Линебург, именуван така по неговиот главен град Изборно кнежевство Хановер, во 1708. Во 1714, изборниот кнез Георг Лудвиг ја наследил британската круна како Џорџ I, владеејќи ги Хановер и Британија во личен сојуз.
Во текот на Големата француска војна Харбург страдал од бројните освојувања, ослободувања и окупации, додека не бил првин припоен од Вестфалија (1807), само за да биде припоен од страна на Франција во 1810. Потоа, Харбург станал главен град на Canton d'Harbourg во рамките на Arrondissement de Lunebourg на департамнот Бух де л'Елб. По францускиот пораз во 1813, Харбург бил вратен на Хановер, кој станал Кралство Хановер во 1814. Хановерскиот-британски личен сојуз завршил во 1837. Хановер, вклучувајќи го Харбург, бил поразен и припоен од Прусија во 1866, придружувајќи се на обединета Германија во 1871. Од 19-от век, градот бил именуван како Харбург на Елба (Harburg an der Elbe или Harburg/Elbe) за разлика од истоименуваниот град во Баварија.
Со поразот на Германија и абдикацијата на монарсите во Германија во 1918, Прусија станала република именувана како Слободна држава Прусија. Во 1927, Харбург/Елба се споил со Вилхелмсбург во Харбург-Вилхелмсбург. На 1 април 1937, Харбург-Вилхелмсбург бил одземен од Прусија - во согласност со „Закон за голем Хамбург“ – и отстапен на покраината Хамбург, кој на 1 април 1938 бил припоен градот кон унитарниот град-држава (Einheitsgemeinde), така прекинувајќи ја општинската независност на Харбург-(Вилхелмсбург), која траеле од 1288.
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал 3,9 км2. Харбург, кој се наоѓа во јужниот дел на Хамбург, се граничи со квартовите Нојланд, Гут Мор, Ренебург, Вилсторф, Ајсендорф, Хајмфелд и Вилхелмсбург (во округот Мите). Од овој округ физички е одделен со реката Елба.
Во 2006, во квартот Харбург живееле 21.193 луѓе. Густината на населеност била 5.498 жители на км2. 14,3% биле деца под 18 години, а 14,1% имале 65 или повеќе години. 31,3% биле имигранти. 1.619 луѓе биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, имало 11.668 домаќинства, од кои 16% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 55% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,76.[2]
Население по години[1]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 |
19.000 | 19.202 | 19.672 | 20.069 | 20.405 | 20.151 | 20.382 |
1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 |
20.430 | 20.513 | 20.373 | 20.282 | 20.126 | 19.988 | 20.085 |
2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
20.195 | 20.241 | 20.550 | 20.852 | 20.899 | 21.193 |
Во 2006, имало 6.738 кривични дела во квартот (318 дела на 1000 луѓе).[3]
Квартот Харбург има 3 основни и 4 средни училишта.[4]
Во 2006, постоеле 154 лекари во приватни ординации и 16 аптеки во квартот Харбург.[4]
Квартот е опслужуван со железничкиот систем на градските возови со неколку станици. Железничката станица Хамбург-Харбург, исто така, е станица за регионални патнички возови на германската железничка компанија.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.148 приватни возила (246 возила/1000 луѓе) во квартот.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.