Хански дворец (Бахчисарај)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ханската палата или Хансарај (кримскотатарски: Han Saray, украински: Ханський палац) — дворец кој се наоѓа во градот Бахчисарај, Крим. Дворецот бил изграден во 16 век и станал седиште на кримските ханови. Внатрешноста на палатата е украсена во традиционален кримско-татарски стил од 16 век и претставува историски и културен споменик од глобално значење поради својот редок пример за кримско-татарската архитектура[1]. Денес, Ханската палата е една од најпознатите муслимански палати што се наоѓаат во Европа, заедно со Топкапи-сарај, Долмабахче, Јилдиз, Ајналикавак, Одрински сарај, Чираган во Турција и Алхамбра во Шпанија.
Хански дворец | |
---|---|
кримскотатарски: Han Saray украински: Ханський палац в Бахчисараї | |
Поглед | |
Општи податоци | |
Вид | палата болница музеј |
Стил | османлиска |
Место | Бахчисарај, Крим |
Координати | 44°44′55.22″N 33°52′55.06″E |
Почната | 16 век |
Технички податоци | |
Големина | 4,3 хектари |
Во просториите на палатата денес се наоѓа Кримско-татарскиот музеј за културно-историски науки и музејот на кримско-татарската уметност[2], каде е изложено различен вид на оружје. Територијата на комплексот на палатата зазема 4,3 хектари. Претходно, областа на комплексот бил 18 хектари[3].
Палатата се наоѓа на левиот брег на реката Чурук-Су. Комплексот се состои од џамија, харем, гробишта (турбе), живеалишта и градини, две порти (северна и јужна), плоштад, главна зграда, штали, библиотека итн. Архитектонскиот стил на палатата ја продолжува традицијата на отоманската архитектура од XVI-XVII век. Главната идеја на архитектурата е олицетворение на муслиманската идеја на рајската градина на земјата. Самиот поим „Бахчисарај“ е преведен како дворец на градината. Во палатата има многу дворови со дрвја, цвеќиња и фонтани.
Во Русија, која ја контролира спорната територија на Крим, објект е вклучен во списокот на културно наследство од федерално значење, додека во Украина објектот е споменик на културно наследство од национално значење.