Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2020-2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2020-2021 била 118-тата сезона на второто ниво на англискиот фудбал, односно 17-та под името Чемпионшип.
Чемпионшип 2020-2021 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Фудбалска лига на Англија Чемпионшип | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 118-то | ||||
Организатор | Фудбалска лига на Англија | ||||
Период | од: 11 септември 2020 до: 8 мај 2021 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Норич Сити 5. титула | ||||
Промоција | Норич Сити Вотфорд Брентфорд | ||||
Испаднале | Викомб Вондерерс Ротерам Јунајтед Шефилд Венздеј | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Ајван Тони (33 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 552 | ||||
Постигнати голови | 1.226 (2,22 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Сезоната започнала на 11 септември 2020, а завршила на 8 мај 2021. Плејофот, во кој традиционално играат клубовите којшто завршиле од третото до шестото место борејќи се за последното место кое носи промоција во Премиер лигата се одиграл од 17 до 29 мај 2021.
Првото место го освоила екипата на Норич Сити и заедно со второпласираниот Вотфорд избориле директна промоција во Премиер лигата за сезоната 2021-2022. Ним подоцна им се приклучил Брентфорд како победник на плејофот. Од лигата испаднале три екипи: Викомб Вондерерс, Ротерам Јунајтед и Шефилд Венздеј.
Најдобар стрелец бил Ајван Тони од Брентфорд со 33 гола.