Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2021-2022
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2021-2022 била 119-тата сезона на второто ниво на англискиот фудбал, односно 18-та под името Чемпионшип.
Чемпионшип 2021-2022 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Фудбалска лига на Англија Чемпионшип | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 119-то | ||||
Организатор | Фудбалска лига на Англија | ||||
Период | од: 6 август 2021 до: 7 мај 2022 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Фулам 1. титула | ||||
Промоција | Фулам Борнмут Нотингем Форест | ||||
Испаднале | Питерборо Јунајтед Дарби Каунти Барнсли | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Александар Митровиќ (43 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 552 | ||||
Постигнати голови | 1.385 (2,51 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Сезоната започнала на 6 август 2021, а завршила на 7 мај 2022. Плејофот, во кој традиционално играат клубовите којшто завршиле од третото до шестото место борејќи се за последното место кое носи промоција во Премиер лигата се одиграл од 13 до 29 мај 2022.
Првото место го освоила екипата на Фулам и заедно со второпласираниот Борнмут избориле директна промоција во Премиер лигата за сезоната 2022-2023. Ним подоцна им се приклучил Нотингем Форест како победник на плејофот. Од лигата испаднале три екипи: Питерборо Јунајтед, Дарби Каунти и Барнсли.
Најдобар стрелец бил Александар Митровиќ од шампионот Фулам со 43 гола.