Френк Шлек
луксембуршки велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Френк Рене Шлек (луксембуршки: Fränk René Schleck; р. 15 април 1980 ) — поранешен луксембуршки професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2003-2016. Шлек е постариот брат на Анди, победникот на Тур де Франс 2010. Нивниот татко, Џони Шлек, бил професионален друмски велосипедист помеѓу 1965 и 1974, како и нивниот дедо, Густав Шлек, кој учествувал на неколку трки во 1930-тите.
Шлек на Тур де Свис 2011. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Френк Рене Шлек | ||
Роден | 15 април 1980(1980-04-15) (44 г.) Луксембург, Луксембург | ||
Висина | 1,86 м[1] | ||
Маса | 65 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
1999 2000 2001 2002 2002 | АКК Контерн Де Нарди Фестина (стажант) Шатору ЦСЦ-Тискали (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2003–2010 2011–2012 2014–2016 | Тим ЦСЦ Леопард Трек Трек Фактори Рејсинг | ||
Значајни победи | |||
|
Најголеми достигнувања на Френк се петте победи на националното друмско првенство, петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2006, која завршувала на Алп д’Ез, класичната трка Амстел Голд Рејс 2006 и алпска етапа на Тур де Франс 2009, завршувајќи само со неговиот брат и Алберто Контадор. На 30 јануари 2013, Шлек бил суспендиран 12 месеци поради позитивен тест за ксипамид на Тур де Франс 2012. Забраната, отпочната од датумот на неговиот позитивен тест, истекла на 13 јули 2013.[2]