Фиренца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фиренца (италијански: Firenze) е сместена во Централна Италија и е главен град на покраината Тоскана. Тоа е најнаселениот град во Тоскана, со 383.084 жители во 2013 година, и над 1.520.000 во нејзината метрополитанска област.[2]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фиренца Firenze | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Comune di Firenze | |||
Колаж на Фиренца каде што се гледаат Галерија Уфици (лево), следува Палацо Пити, поглед на зајдисонце на градот и Фонтана Нептун во Пјаца дела Сињорија. | |||
Земја | Италија | ||
Регион | Тоскана | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Дарио Нардела (ПД - Демократска Партија, на италијански: Partito Democratico PD) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 102,41 км2 (3,954 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000005000000050 м | ||
Население (30 June 2016)[1] | |||
• Вкупно | 383.083 | ||
• Густина | 37/км2 (97/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 50121–50145 | ||
Повик. бр. | 055 | ||
Светец-заштитник | Јован Крстител | ||
Слава | 24 јуни | ||
Мреж. место | Матична страница |
Фиренца била центар на средновековната европска трговија, финансии и еден од најбогатите градови од таа ера.[3] Според многу академици [4] е родното место на ренесансата и е наречена „Атина на средниот век“.[5] Нејзината бурна политичка историја вклучува периоди на владеење од моќното семејство Медичи и бројни религиозни и републички револуции.[6] Од 1865 до 1871 година градот служел како главен град на Кралството Италија (основан во 1861 година). Фирентинскиот дијалект ја формирал основата на стандардниот италијански јазик и тој станал јазик на културата низ цела Италија [7] благодарение на престижот на ремек-делата од Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо, Николо Макијавели и Франческо Гвичардини .
Градот привлекува милиони туристи годишно, а УНЕСКО го прогласил историскиот центар на Фиренца за светско наследство во 1982 година. Градот е познат по својата култура, ренесансна уметност и архитектура и споменици. Градот исто така содржи бројни музеи и уметнички галерии, како што се галеријата „Уфици“ и „ Палацо Пити“, и сè уште има влијание во областите на уметноста, културата и политиката. Поради уметничкото и архитектонско наследство на Фиренца, Форбс го рангираше како еден од најубавите градови во светот.[8]
Фиренца игра важна улога во италијанската мода, и е рангирана во првите 15 модни метрополи на светот според Глобалниот јазичен монитор;[9] дополнително, тоа е голем национален економски центар како и туристички и индустриски центар. Во 2008 година градот имаше 17-ти највисок просечен приход во Италија.[10]