Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1996 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на УЕФА Лигата на шампионите 1996 година било 41-во по ред во Лигата на шампионите или стариот Европски куп (четврто по новиот формат) кое било одиграно на 22 мај 1996 на Олимпико во Рим. Во финалето се сретнале италијанскиот Јувентус и холандскиот Ајакс. Натшреварот по продолженијата завршил со резултат 1-1, па биле изведувани пенали , во кој Јувентус бил поуспешен и славел со 4-2. Ова бил втор наслов европски првак за "старата дама" . Во регуларниот дел од натпреварот, головите ги постигнале Фабрицио Раванели за Јуве во 12-тата минута; а во 41-та минута резултатот го изедначил напаѓачот на Ајакс Јари Литманен.
Матична статија: УЕФА Лига на шампиони 1995/96.