Финале на Светското првенство во фудбал 1998
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на Светското првенство во фудбал 1998 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство во фудбал 1998 година. Ова било 16-тото финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кој се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на Стад де Франс во Сен Дени на 12 јули 1998 година.
Матична статија: Светско првенство во фудбал 1998.
Финале на Светското првенство во фудбал 1998 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стад де Франс бил домаќин на финалето | |||||||
Првенство | Светско првенство 1998 | ||||||
| |||||||
Датум | 12 јули 1998 (1998-07-12) | ||||||
Стадион | Стад де Франс, Сен Дени | ||||||
Играч на натпреварот | Зинедин Зидан (Франција) | ||||||
Судија | Саид Белкола | ||||||
Гледачи | 80,000 | ||||||
Временски прилики | Ведро 23 °C (73 °F)[1] | ||||||
← 1994 2002 → |
Во финалето играле репрезентациите на Бразил, бранителот на титулата од претходното издание,[2] и домаќинот Франција. Така ова Светско првенство останало забележано, по тоа што за првпат во историјата на натпреварувањето во финалето се сретнале домаќинот на турнирот и бранителот на титулата.[3] Натпреварот завршил со победа на Франција со убедливи 3-0, со што тие го освоиле своето прво Светско првенство, а самото време на одигрување натпреварот на два дена пред државниот празник „Денот на Бастилја“ дало дополнителен шмек на победата и поводи за уште поголема радост и прослава кај французите.[4][5] Херој во финалето за триколорите бил Зинедин Зидан (подоцна избран и за играч на натпреварот) со двата гола постигнати во првото полувреме, додека Емануел Пети го постигнал третиот гол длабоко во судиското продолжение од второто полувреме за да ја запечати победата и титулата на Франција.
Франција станала седмата земја која триумфирала на Светското првенство и шеста која тоа го сторила на домашен терен по Уругвај (1930), Италија (1934), Англија (1966), Западна Германија (1974) и Аргентина (1978). Ова исто така, било и првото финале за Франција, по поразите во полуфиналето во 1958, 1982 и 1986 година.