Ферид Мурад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ферид Мурад (англиски: Ferid Murad, албански: Ferid Murati; Витинг (Индијана), 14 септември 1936 - 4 септември 2023 ) — светски признат лекар и фармацевт, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1998 година. По татко води потекло од гостиварското село Лакавица и гостиварската општа болница го носи неговото име.[1] Прогласен е за почесен граѓанин на скопската Општина Чаир[2] и Косово, но и за почесен доктор на науки на Државниот Универзитет во Тетово.[3] Исто така е и почесен академик на Косовската академија на науките и уметностите.[4] Тој е автор на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.
Кратки факти Ферид Мурад, Роден(а) ...
Ферид Мурад | |
---|---|
Мурад во 2008 | |
Роден(а) | 14 септември 1936(1936-09-14) Вајтинг, Индијана, САД |
Починал(а) | 4 септември 2023(2023-09-04) (возр. 86) Менло Парк, Калифорнија, САД |
Живеалиште | Вашингтон |
Државјанство | Американско |
Полиња | биохемија, фармакологија |
Установи | Универзитет на Вирџинија (1970-81), Стенфорд (1981-88), Лаборатории Абот (1988-93), Универзитет за здравствени науки на Тексас 1997-2011), Универзитет Џорџ Вашингтон (2011-сè уште) |
Образование | DePauw University (BS, 1958) и Case Western Reserve University (MD-Ph.D., 1965) |
Докторски ментор | Ерл Сатерленд, Jr. и Теодор Рол |
Познат по | Откритија во врска со цикличниот гванозин монофосфат како сигнална молекула во кардиоваскуларниот систем |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (1998) и Награда Алберт Ласкер за основни медицински истражувања (1996) |
Затвори