Феникија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Феникија — древна цивилизација која се протегала во тесен крајбрежен појас на Сирија, од реката Елевтерос на север, до Кармил (денешен Либан) на југ, се протегала 240 километри во должина и околу 20 километри во ширина. Феникијците, кои биле стар поморски трговски народ, владееле со Средоземното Море и создале повеќе независни градови-држави, кои понекогаш формирале сојузи под хегемонија на еден од нив. Денес, многу малку се знае за Феникијците. Пронајдени неколку нивни натписи. Тие не се нарекувале себеси Феникијци, туку Сидонци, по градот Сидон, еден од нивните два најважни градови, кој лежи на север од Тир. Кога Грците првпат дошле во контакт со овие морнари ги нарекле фоинои, кое значело, црвени како крв. Кога значењето на овој збор се изгубило, луѓето почнале да ги нарекуваат Феникијци поради таинствената птица Феникс, за која се кажувало дека живеела 500 години и се обновувала така што го палела гнездото и од пепелта на старата се појавувала нова птица.
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Карта на Феникија | |||||
Главен град | |||||
Јазици | феникиски јазик, пунски јазик | ||||
Вероисповед | кананитска религија | ||||
Уредување | Кралство (Град држава/и) | ||||
Познати феникиски кралеви | |||||
- | ca. 1000 BC | Ахирам | |||
- | 969 BC – 936 BC | Хирам I | |||
- | 820 п.н.е.– 774 п.н.е. | Пигмалион Тирски | |||
Историски период | Класична Антика | ||||
- | Основана | 1200 пр.н.е. | |||
- | Тир станува доминантна град-држава | 969 пр.н.е. | |||
- | Легендарно основање на Картагена | 814 п.н.е. | |||
- | Кир Велики ја освојува Феникија | 539 BC | |||
Население | |||||
- | 1200 п.н.е.[1] | 200,000 | |||
Денес во | |||||