![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1d/STEREO_304col_ed.jpg/640px-STEREO_304col_ed.jpg&w=640&q=50)
Факула
From Wikipedia, the free encyclopedia
Факула (од латински: facula; во превод факелче) е една од манифестациите на Сончевите активности на фотосферата. Се појавуваат околу сончевите дамки и се погусти, потопли и посветли од самата фотосфера.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1d/STEREO_304col_ed.jpg/640px-STEREO_304col_ed.jpg)
Факулите се потопли области од просечната топлина на фотосферата, а дури и кога се ослабени од постудените сончеви дамки, факулите предизвикуваат зголемено сончевото зрачење за околу 0,1%. Следствено, сонцето произведува помалку топлина и светлина кога нема дамки, што може да предизвика феномени како малите ледени доба.[1] Покрај факулите, како слични видови на сончева активност се појавуваат и сончевите плажи.
Факулите се светли области во фотосферата. Тие се поврзани со слаби магнетни полиња и во просек се за 20% посветли од околната фотосфера. Може визуелно да се набљудуваат само ако се во близина на рабовите на дискот, благодарение на фактот што рабовите ќе се затемнат со што се зголемува контрастот. Во овие области има исклучително силно магнетното поле, но тоа е со поинаков облик од она во сончевите дамки и е распослано на помали површини. За разлика од сончевите дамки, кои го прават Сонцето на некои места да изгледа потемно, факулите имаат спротивен ефект бидејќи на местата каде што се појавуваат го прават сонцето да изгледа посветло. За време на циклусот на сончевите дамки, факулите се пробиваат над сончевите дамки и тој момент се нарекува Сончев максимум во циклусот кога тоа е за околу 0,1% посветло од просекот.[2]
Факулите се тесно поврзани со сончевите дамки. Сите дамки се појавуваат на факуларни полиња, иако факули можат да постојат без дамки. Животниот век на факулите трае околу два месеци, а факулите придружени со дамки можат да траат и до неколку месеци.[3]