англиски фудбалски клуб From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот Клуб Болтон Вондерерс (англиски: Bolton Wanderers F.C.) или попознат како ФК Болтон, Болтон, е професионален англиски фудбалски клуб со седиште во градот Болтон во областа Голем Манчестер. Клубот се натпреварува во Англиската Лига Еден, третото ниво на англискиот лигашки систем.
Целосно име | Фудбалски Клуб Болтон Вондерерс Bolton Wanderers Football Club | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | The Trotters, The Wanderers | |||
Основан | 1874 како Christ Church FC | |||
Стадион | Стадион Макрон, Хорвич, Голем Манчестер (Капацитет: 28,723[1]) | |||
Сопственик | Еди Дејвис | |||
Претседател | Фил Гартсајд | |||
Менаџер | Фил Паркинсон | |||
Лига | Чемпионшип | |||
2017-2018 | Чемпионшип, 21-ви | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
|
Болтон е еден од клубовите основачи на Англиската Прва Дивизија во 1888 година. Најголеми успеси клубот постигнал во дваесеттите години од минатиот век кога клубот успеал да го освои Англискиот ФА Куп 3 пати, во 1923, 1926 и во 1929 година. Болтон успеал да го освои Англискиот ФА Куп и по четврти пат во 1958 кога во финалето го поразил Манчестер Јунатед со 2-0. Од 1964 до 1978 Болтон не бил дел од прволигашката конкуренција и играл во втората англиска лига. Потоа во 1978 се вратил во Англиската Прва Дивизија, но по 2 години повторно излегол. Во 1987 за првпат во својата историја Болтон испаднал во четвртата англиска дивизија, во која останал само една сезона. Конечно во 1995 Болтон се вратил во Премиер Лигата. Првиот настап во Европските купови клубот го имал во сезоната 2005/06 кога стигнал во најдобрите 32 во УЕФА купот. Во сезоната 2007/08 клубот повторно се квалификувал за УЕФА купот каде стигнал во најдобрите 16.
Болтон своите натпревари ги игра на Рибок кој е со капацитет од 28,723 седишта. Претходно до 1999 клубот 102 години играл на стадионот Бурнден Парк.
Болтон во Премиер Лигата е рекордер во поминати години (вкупно 72; 2010/11) без освојувајќи го трофејот. Највисоко постигнато место на клубот е третото место и тоа во 1892 , 1921 и 1925 година.[2]
Болтон Вондерерс е основан од страна на свештеникот Томас Огден во 1874 година во црквата Christ Church, под името Christ Church F.C.. Потоа во 1877 година клубот го променил името во ФК Болтон Вондерерс. Во 1888 Болтон бил еден од дванаесетте клубови основачи на Англиската Прва Дивизија.
Во 1894 Болтон стигнал до финалето на најстарото фудбалско натпреварување, Англискиот ФА Куп каде загубил од Нотс Каунти so 4-1. Една деценија подоцна Болтон повторно играл во финалето на Англискиот ФА Куп каде загубил од Манчестер Сити со резултат 1-0. Конечно на 28 април 1923 Болтон успеал да го освои својот прв трофеј од постоењето на клубот, освојувајќи го Англискиот ФА Куп со победата над Вест Хем Јунајтед од 2-0. Мечот се играл на стадионот Вембли а го проследиле 127,000 гледачи. Болтон успеал да го освои Англискиот ФА Куп и во 1926 и 1929 година победувајќи ги Манчестер Сити[3] и Портсмут.[4]
Од 1935 до 1964 година, Болтон уживал во прволигашката елита. Од страна на навивачите овој перод е прогласен за златна ера на клубот. За време на Втората светска војна играчите од клубот повеќе биле на бојното поле отколку на терен. Тие биле вклучени во 53та Артилерија на Болтон како волонтери. Единствен загинат фудбалер бил тогашниот капитен на тиомот Хари Гослин.
Во 1958 година Болтон го освоиле својот четврти трофеј во Англискиот ФА Куп, каде пред 100,000 гледачи го поразиле Манчестер Јунатед со 2-0. Потоа во 1964 година клубот испаднал во втората дивизија.
По многуте години играње во втората дивизија, очекувањата биле големи кога клубот успеал да влезе во Англиската Прва Дивизија во 1978 година. Како и да е Болтон останал во првата дивизија само две сезони и потоа повторно испаднал од лигата. Откако во следните две-три години не успеале да влеат во првата дивизија, во 1983 година Болтон испаднал во третата англиска дивизија. Следните две сезони тимот бил подмладен, но тоа било безуспешно бидејќи клубот испаднал во четвртата дивизија, за првпат во историјата на клубот. Но во четвртата дивизија тие останале само една сезона и веќе во следната сезона се промовирале во третата дивизија. Подоцна клубот се вратил во втората дивизија но не успеал да влезе во Премиер Лигата сè до 1995 година.
По пауза од 15 години, конечно во 1995 под раководство на Брус Риок, Болтон успеал да влезе во Премиер Лигата благодарение на победата над Ридинг во финалната плејоф рунда. Истата сезона Болтон стигнал до финалето на Англискиот лига куп каде загубил со резултат 2-1 од Ливерпул. По заминувањето на менаџерот Риок во Арсенал, за негова замена бил назначен неговиот асистент Колин Тод. Во првата сезона од неговото раководење клубот не успеал да остане во Премиер Лигата и испаднал во втората лига. Но одборот на Болтон имал целосна доверба во Брус Риок, па така оваа доверба била возвратена следната сезона кога Болтон со 98 бода и со постигнати 100 голови завршил прв во втората лига и повторно се вратил во елитата. Во таа сезона вреди да се спомене и преселбата на клубот од стадионот Бурнден Парк на новиот стадион Рибок.
Во сезоната 1997/98 Болтон повторно несреќно илзегол од Премиер Лигата поради гол разлика. Во 1999 клубот имал шанса повторно да се врати во првата лига но во плејоф натпреварот загубил со 2-0 од Ватфорд. Следната есен тренерот Тод си поднел оставка и не негово место бил назначен Сем Алардајс.
Под раководство на Сем Алардајс, Болтон успеал да се врати во Премиер Лигата во сезоната 2000/01. Во следните две сезони клубот едвај успевал да опстане во Премиер Лигата. Во сезоната 2010/11 Болтон го направил еден од најдобрите свои почетоци во Премиер Лигата. Во првото коло тие го победиле тимот на Лечестер со извонредни 5-0, а потоа во наредното коло Болтон го поразил и Ливерпул. Во оваа сезона вреди да се спомене и големата победа над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Иако ги загубил последните три натпревари сепак Болтон опстанал во лигата завршувајќи на 16то место. Пристигнувањето на искусни играчи како Јури Џоркаев, Кевин Нолан и Мајкл Рикетс било од пресудно значење за клубот.
Следната сезона клубот го обезбедил својот опстанок во Премиер Лигата во последното коло, откако го победил Мидлзборо со 2-1. Во оваа сезона клубот успеал повторно да го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Ѕвезда на сезоната бил играчот Џеј Џеј Окоча кој се покажал како одлично засилување.
Во 2004 година Болтон играл во финалето на Англискиот лига куп каде загубил од Мидлзборо. Во 2005 клубот го забележал својот најдобар пласман во Премиер Лигата завршувајќи 6ти на табелата. Овој пласман за Болтон значел излез во УЕФА купот каде стигнал до најдобрите 32 и бил елиминиран од францускиот Олимпик Марсеј со вкупни 2-1. Во април 2007 Алардајс поднел оставка од клубот.[5]
По заминувањето на Сем Алардајс, неговото место го заземал неговиот помошник Семи Ли кој го обезбедил играњето на Болтон во УЕФА купот во сезоната 2007/08. Но откако во Премиер Лигата забележал само една победа на 11 натпревари, Ли го напуштил клубот во октомври 2007 година, а на негово место дошол Гери Мегсон.[6] Тој направил промени во составот на Болтон, и го продал фудбалерот Никола Анелка на Челзи за 15 милиони фунти, а парите ги искористил за купување на 4 нови играчи.
Со Гери Мегсон Болтон во УЕФА купот успеал да остане непоразен на теренот на Баерн Минхен и успеал да ја победи Црвена Ѕвезда во Белград со што станал првиот британски клуб кој победил во Белград, а потоа во шеснаесетфиналето го елиминирал тимот на Атлетико Мадрид. Во осминафиналето Болтон загубил со вкупен резултат 2-1 од Спортинг Лисабон.
На 30 декември 2009 година било објавено дека Гери Мегсон го напуштил клубот поради лоши резултати. На 8 јануари 2010 Овен Којл бил назначен за нов тренер на Болтон.
На првиот натпревар под раководство на Овен Којл, Болтон загубил со 2-0 од Арсенал, но во вториот натпревар успечно го победил поранешниот прволигаш Барнли. За време на јануарскиот преоден рок Којл го засилил составот на Болтон со купувањето на Стујарт Холден, како и со позајмувањето на Џек Вилшер од Арсенал и Владимир Вајс од Манчестер Сити. Во својата прва сезона Којл успеал да обезбеди опстанок во Премиер Лигата завршувајќи на 14то место.
Во сезоната 2010/11 Болтон успеал да стигне во полуфиналето на Англискиот ФА Куп каде загубил со огромни 5-0 од Стоук Сити на натпревар што се одиграл на стадионот Вембли.[7] За овој пораз Болтон му се реванширал на Стоук Сити и го победил со истиот резултат 5-0 во Премиер Лигата. Иако во поголем дел од сезоната Болтон се наоѓал во првиот дел од табелата, по серијата од 5 порази по ред на крајот завршил повторно на 14то место.
Грбот на Болтон се состои од иницијалите на клубот во форма на топка со црвени и сини панделки под неа.
Домашните бои на клубот се бели маици со темносини лепенки и црвени рабови, заедно со темносини шорцеви и бели чорапи. Гостинските бои на клубот се црни маици со жолти лепенки, заедно со црни шорцеви и чорапи. Но овој дизајн не бил отсекогаш прв избор на клубот. Во 1884 боите на клубот биле бели маици со црвени точки. Претходно во седумдесеттите клубот експериментирал со целосно бела опрема.
Од 1 февруари 2017.
|
|
Само официјални натпревари. Натпревари играни до 31 декември 2011.
Само официјални натпревари.
Болтон натпреварите на домашен терен ги игра на стадионот Рибок. Стадионот се наоѓа во градот Хорвич во областа Голем Манчестер. Стадионот е со капацитет од 28,723 седишта. Стадионот има хотел изграден во внатрешноста на стадионот од кои од неколку соби може да се види и теренот. Стадионот е модерен и е изграден во 1997 година заменувајќи го претходниот стадион Бурнден Парк. Стадионот бил отворен на 1 септември 1997 година од страна на тогашниот заменик премиер на лабуристите Џон Прескот. Името Рибок стадионот го добил по главниот спонзор на клубот Рибок. Рекордната посетеност од 28,353 гледачи била поставена на 28 декември 2003 година во натпревар од Премиер Лигата против тимот на Лестер Сити.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.