Урсула Андрес (германски: Ursula Andress; родена на 19 март 1936 година)[1] е швајцарска глумица, поранешна манекенка и секс-симбол во 1960-тите години. На филмското платно се пробила со улогата на Хани Рајдер, Бондова девојка во првиот филм за Џејмс Бонд, Доктор Но (1962). Подоцна ја играла улогата на Веспер Линд во уште еден филм за Џејмс Бонд, Казино Ројал од 1967 година. Други нејзини позабележителни улоги се: Забава во Акапулко (1963), 4 за Тексас (1963), Таа (1965), Десетата жртва (1965), Синиот Макс (1966), Јужната ѕвезда (1969), Совршен петок (1970), Црвеното сонце (1971), Чувствителна сестра (1975), Роб на канибалистичкиот бог (1978), Петтиот мускетар (1979), Судир на титаните (1981) и Петар Велики (1986).

Кратки факти Урсула Андрес, Роден(а) ...
Урсула Андрес
Thumb
Андрес во 2004
Роден(а)19 март 1936(1936-03-19)(88 г.)
Остермундиген, Швајцарија
ЗанимањеГлумица
Активен период1954–2005
СопружникЏон Дерек (в. 1957; раз. 1966)
ПартнерЖан Пол Белмондо
(1965–1972)
Фабио Тести
(1973–1977)
Хари Хамлин
(1979–1983)
Фаусто Фаџоне
(1986–1991)
Деца1
Затвори

Живот и кариера

Урсула Андрес е родена во Остермундиген, Берн (Швајцарија). Нејзиниот татко бил Германец, а мајка ѝ била Швајцарка. Нејзиниот татко Ралф Андрес од политички причини бил протеран од Швајцарија, а улогата на старател ја презел нејзиниот дедо.[2] Таа има брат Хајнц и четири сестри Ерика, Шарлот, Жизела и Кејти.[3] Течно зборува германски, англиски, италијански и француски јазик. Една година студирала уметност во Париз, а потоа отишла во Рим, каде работела слабо платени професии.

На една забава запознала филмски продуцент кој ѝ понудил аудиција за улога во италијански филм. Аудицијата била успешна и била избрана за епизодни улоги во филмовите „Американец во Рим“ (оригинално: Un americano a Roma; со Алберто Сорди во главната улога) од 1954, „Авантурите на Казанова“ (Le avventure di Giacomo Casanova; 1955) и „La catena dell'odio“ (1955). Ја забележал холивудски режисер кој ја наговорил да си ја проба среќата во Холивуд.[4]

Андрес пристигнала во Холивуд кон крајот на 1955 година.[5] Пред да пристигне потпишала седумгодишен договор со Paramount Pictures, со почетна плата од 287 долари неделно.[6] И покрај договорот не добила улоги, поради противењето да научи англиски јазик.[7] „Поголемиот дел од времето го поминував гледајќи ги старите филмови на Марлен Дитрих“, рекла таа.[8] Андрес добила одреден публицитет поради врската со Џејмс Дин непосредно пред неговата смрт.[9] Го откупила преостанатиот дел од нејзиниот договор [10] и во 1956 година потпишала со Columbia Pictures.[11] Ниту со нив не снимила филмови.[12] Останала во Холивуд и во 1957 година се омажила за Џон Дерек.

Андрес се вратила на глумата во 1962 година. Меѓународна популарност стекнала во улогата на Хани Рајдер, девојка на Џејмс Бонд во „Доктор Но“ (1962). Нејзиниот текст во филмот го зборувала Ники ван дер Зил додека Урсула само мрда со усните.[13] Таа глуми во една од најнезаборавните сцени во кинематската и модната историја,[14][15][16] кога излегува од Карипското Море во бело бикини. Калипсо-песната ја отпеала Дијана Купланд.[17] Бикинито што го носела во филмот во 2001 година било продадено на аукција за 41 125 фунти.[18][19][20] Во 2003 година, во анкета во Обединетото Кралство нејзиното појавување во Доктор Но се нашло на прво место во „100-те најсекси моменти“.[21] Во 1964 година, Андрес ја добила наградата Златен глобус за Нова ѕвезда на годината за нејзиното појавување во филмот.[22]

Потоа, Андрес ја глумела главната женска улога во мјузиклот со Елвис Присли, Забава во Акапулко (1963). Заедно со Френк Синатра, Дин Мартин и Анита Екберг во 4 за Тексас (1963).[23] Глумела заедно со Дерек, во Кошмар на сонцето (1965).

Во 1965 година, нејзините голи фотографии од Кошмар на сонцето биле објавени во Плејбој; ова било прв пат од вкупно седум пати како таа позира за списанието во следните петнаесет години.[4] На прашањето зошто се согласила да се слика за Плејбој, Андрес ладнокрвно одговорила: „Затоа што сум убава“.[24][25]

Thumb
Адрес околу 1971 година

Во Италија, глумела со Марчело Мастројани во научно-фантастичниот филм Десеттата жртва (1965). Потоа се вратила во Холивуд и глумела во филм за Првата светска војна „Синиот Макс“ (1966), уште еден успешен филм на кино благајните.[26]

Андрес го снимила нејзиниот втор филм за Seven Arts: Еднаш пред да умрам (Once Before I Die (1966)), снимен на Филипините. Позабележителна улога имала во пародијата за Бонд Казино Ројал (1967), исто така продуцирана од Фелдман, каде што Андрес ја играла Веспер Линд, шпионка која го убедува Евелин Трембл, кој го глуми Питер Селерс, да изврши мисија. Нејзиниот хонорар изнесувал 200.000 фунти.

Во Италија, глумела заедно со поранешната Бонд девојка Клодин Огер во „Слатки госпоѓици“ (Le dolci signore (1968)) од режисерот Лујци Зампа. Потоа заминала за Африка за да го сними Јужната ѕвезда (The Southern Star (1969)) со Џорџ Сегал, кој бил хит во Англија.[27] Таа се појавувала гола или полугола во речиси сите нејзини филмски улоги помеѓу 1969 и 1979 година, поради што го доби прекарот „Ursula Undress“ („Урсула соблечена“).[28]

Thumb
Адрес во Colpo in canna (1975)

Андрес се појавила во „Совршен петок“ (1970), филм за грабеж во кој глумат Стенли Бејкер и Дејвид Ворнер. Во Шпанија. се појавила во Црвено сонце (Red Sun (1971)), вестерн со меѓународна актерска екипа вклучувајќи ги Чарлс Бронсон, Тоширо Мифуне и Ален Делон.

Во 1970-тите, кариерата на Андрес почнала да опаѓа и таа се појавувала во помалку филмови. Сепак, во текот на 1980-тите и 1990-тите таа продолжила повремено да се појавува во филмови и на телевизија.

Личен живот

Андрес изјавила дека ја изгубила невиноста со оженетиот актер Даниел Гелин во 1953 година, кога таа имала 17, а тој 32 години. Откако се преселила во САД во 1955 година се забавувала со Денис Хопер и Џејмс Дин, а истата година започнала врска со актерот/ режисерот Џон Дерек, оженет човек и татко на две деца кој ја напуштил неговата сопруга Пети Берс и семејството за да биде со 19-годишната Андрес.[29] Дерек и Андрес се венчале на 2 февруари 1957 година во Лас Вегас, но се разделиле во 1964 година поради нејзината афера со глумецот Рон Ели;[29] официјално се развеле во 1966.[30] Во меѓувреме, разделена, но не разведената Андрес јавно јавно се појавувала со Џон Ричардсон и со Марчело Мастројани, нејзин колега од „10-тата жртва“.[31]

Од 1965 до 1972 година, Андрес живеела со Жан Пол Белмондо.[32] Тој, рекла таа, бил љубовта на нејзиниот живот.[33] Нејзина следна врска била со Фабио Тести од 1973 до 1977 година (освен една година кога раскинале).[7][34] Таа, исто така, се состанувала со Рајан О'Нил, Џон Делореан, Хелмут Бергер, Паоло Пазаља, Џони Дорели, Франко Неро, Нелс Ван Патен и Ричи Мартин .[35]

Thumb
Адрес на Канскиот филмски фестивал во 2010 година

О'Нил и Андрес биле во врска двапати, прво од 1972 до 1973 година, а потоа повторно од 1977 до 1978 година.

Андрес живеела со глумецот Хари Хамлин, кој е 15 години помлад од неа, по средбата на сетот на „Судир на титаните“ во 1979 година.[36] Таа го родила нивниот син Димитри Александар Хамлин на 19 мај 1980 година.[37] Иако била свршена со Хамлин,[38] тие не се венчале.[37] Во 1983 година, Хамлин раскинал со неа.[39]

Кон средината на 1980-тите, Андрес била во врска со фудбалерот Пауло Роберто Фалкао, актерот Херардо Амато, пејачот Хулио Иглесијас, архитектот Стен Херман и бодибилдерот Марио Натокис.[40] Во 1986 година, започнала врска со идниот член на Регионалното собрание на Сицилија [41] Фаусто Фагоне, тогаш студент; имал 20, а таа 50 години.[42] Врската траела до 1991 година.[30] Подоцна истата година, Андрес накратко се забавувала со експертот за боречки вештини Џеф Спикмен, но оттогаш не била јавно поврзана со никого.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.