Универзитет „Гоце Делчев“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на списокот на државни универзитети во државата[1]. Како млада и енергична високообразовна институција која постојано ги следи интересите на младата популација, како и најновите светски економски, индустриски и технолошки трендови создаде извонредни можности за високо образование. Дипломите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се меѓународно признати и се сигурна потврда за влез на домашниот и меѓународен пазар на трудот. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип интегрира 13 факултети, организирани во 3 универзитетски кампуси. Наставата се изведува во наставни центри кои се дисперзирани во 12 града во Македонија. 19.000 студенти веќе го препознаа Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како одлична можност за својот академски раст.[2]
Вид | државен |
---|---|
Основан | 2007 |
Ректор | Блажо Боев |
Студенти | >19.000 |
Место | Штип, Република Македонија |
www.ugd.edu.mk |