Унгарски форинт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Форинт (ознака: Ft; код: HUF) — валута на Унгарија. На почетокот била поделена на 100 филери, но филерите (fillér) како монети повеќе не се во употреба. Воведувањето на форинтот на 1 август 1946 година бил клучен чекор во стабилизацијата на унгарската економија по Втората светска војна и валутата останала релативно стабилна сè до 1980-тите години. Преминувањето кон пазарна економија на почетокот од 1990-тите неповолно влијаело врз вредноста на форинтот; инфлацијата се искачила до 35% во 1991 година. Од 2001 година, инфлацијата е во едноцифрена вредност и форинтот се смета како целосто конвертибилен конвертибилен.[1] Како член на Европска Унија, долготрајна цел на владата на Унгарија е замена на форинтот со евро, но тоа веројатно нема да се случи до 2020-тите.[2][3][4]
Унгарски форинт | |
---|---|
Magyar forint (унгарски) | |
Банкнота од 5000 унгарски форинти | |
ISO 4217 | |
Код | HUF |
Број | 384 |
Показател | 2 |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | филер (укината) |
Множина | форинток (само номинатив) |
Симбол | Ft |
Банкноти | 500 Ft, 1.000 Ft, 2.000 Ft, 5.000 Ft, 10.000 Ft, 20.000 Ft |
Монети | 5 Ft, 10 Ft, 20 Ft, 50 Ft, 100 Ft, 200 Ft |
Демографија | |
Воведена | 1 август 1946 |
Корисник/ци | Унгарија |
Издавач | |
Централна банка | Народна банка на Унгарија |
Мреж. место | mnb.hu |
Печатар | Pénzjegynyomda Zrt. Budapest |
Мреж. место | penzjegynyomda.hu |
Ковачница | Hungarian Mint Ltd. |
Мреж. место | penzvero.hu |
Вредност | |
Инфлација | 2,8% (2018) |
Извор | Trading Economics |