![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a1/Flag_of_Ukraine_%25281917%25E2%2580%25931921%2529.svg/langmk-640px-Flag_of_Ukraine_%25281917%25E2%2580%25931921%2529.svg.png&w=640&q=50)
Украинска Држава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Украинска Држава (украински: Українська Держава), понекогаш наречена и Втор Хетманат (украински: Другий Гетьманат) — анти-болшевичка влада која постоела на поголемиот дел од современата територија на Украина (освен за Западна Украина) од 29 април [1] до 14 декември 1918 година.[2]
Украинска Држава Українська Держава | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1918 | |||||||||
Државен печат![]() | |||||||||
![]() Територии контролирани од украинската држава | |||||||||
Статус | Вазалство на Германско Царство | ||||||||
Главен град | Киев 50.45° СГШ; 30.5167° ИГД / 50.45; 30.5167 | ||||||||
Говорени јазици | Украински, руски, јидски, полски, белоруски | ||||||||
Вероисповед | Украинска православна црква (Московска патријаршија) | ||||||||
Демоним(и) | украински | ||||||||
Уредување | Привремена апсолутна монархија под авторитарна конзервативна воена диктатура | ||||||||
Хетман | |||||||||
• 1918 | Павло Скоропадски | ||||||||
Престолонаследник | |||||||||
• 1918 | Данило Скоропадски | ||||||||
Legislature |
| ||||||||
Историски период | Прва светска војна | ||||||||
• Основана | 29 април 1918 | ||||||||
• Престанала да постои | 14 декември 1918 | ||||||||
|
Таа била основана од германските воени власти откако на 28 април 1918 година бил распрснат Централниот совет на Украинската Народна Република, наклонет кон социјалистите. Украина се претворила во привремена диктатура на Хетманот на Украина, Павло Скоропадскиј, кој ги забранил сите социјалистички ориентирани политички партии, создавајќи антиболшевички фронт со руската држава. Се распаднала во декември 1918 година, кога Скоропадски бил соборен и Украинската Народна Република се вратила на власт во форма на Директорат.