Туминец
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Туминец (албански: Kallamas, но офиц. Tuminec) — село во Мала Преспа, денес во општината Пустец од Горичката област, Албанија. Се проценува дека селото има 950-1000 жители (проц. 2007),[1] што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 г.
Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители.
Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед.
Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 г. му е дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот kallam што значи „трска“[2]. Во 2013 г. е повратено изворното име Туминец (Tuminec) со официјалниот повраток на топонимијата во општината Пустец.[3]
Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур.
Населението брои 800. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.
Во селото живеат православни Македонци од следните родови:
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.