Трскарот (науч. Acrocephalus ) е род на се мали инсектојадни врапчевидни птици од фамилијата трскари (Acrocephalidae ).
Кратки факти Трскар, Научна класификација ...
Затвори
По боја се драпкасто-кафеави и живеат во мочуришта и други водести површини со трска . Некои видови имаат пруги, а други воопшто немаат белези. Многу видови се преселници , особено оние во умерените подрачја како Македонија .
Голем дел од трскарите имаат сплеснат профил на главата, што е причина за нивното научно име .
Најзагадочен вид од родот е големоклуниот трскар (Acrocephalus orinus ) кој е повторно откриен во Тајланд во март 2006 г, а претходно забележан само еднаш, во 1867 г. Птицата е видена и на зафрлено место во Авганистан во летото 2009 г.
Во Република Македонија родот е присутен со следниве видови: обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus ), мал трскар (Acrocephalus schoenobaenus ), тенкоклун трскар (Acrocephalus melanopogon ) воден трскар (Acrocephalus paludicola ), блатен трскар (Acrocephalus palustris ) и трскар рогозар (Acrocephalus scirpaceus ).[1]
Трскар како рани млада кукавица
австралиски трскар (Acrocephalus australis )
атолски трскар (Acrocephalus atyphus )
африкански трскар (Acrocephalus baeticatus )
блатен трскар (Acrocephalus palustris ) МК
воден трскар (Acrocephalus paludicola ) МК
големоклун трскар (Acrocephalus orinus )
дамчест трскар (Acrocephalus sorghophilus )
дебелоклун трскар (Acrocephalus aedon )
индиски трскар (Acrocephalus agricola )
ирачки трскар (Acrocephalus griseldis )
источен трскар (Acrocephalus orientalis )
каролински трскар (Acrocephalus syrinx )
краткокрил трскар (Acrocephalus concinens )
краткоперјест трскар (Acrocephalus brevipennis )
куковоостровски трскар (Acrocephalus kerearako )
лисест трскар (Acrocephalus rufescens )
мадагаскарски трскар (Acrocephalus newtoni )
мал трскар (Acrocephalus schoenobaenus ) МК
манџурски трскар (Acrocephalus tangorum )
маркиски трскар (Acrocephalus mendanae )
науруански трскар (Acrocephalus rehsei )
обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus ) МК
папирусен трскар (Acrocephalus stentoreus )
питкернски трскар (Acrocephalus vaughani )
полинезиски трскар (Acrocephalus aequinoctialis ) или бокикокико
риматриски трскар (Acrocephalus rimatarae )
родригесов трскар (Acrocephalus rodericanus )
’ртски трскар (Acrocephalus gracilirostris )
сејшелски трскар (Acrocephalus sechellensis )
славејов трскар (Acrocephalus luscinius )
тахитски трскар (Acrocephalus caffer )
тенкоклун трскар (Acrocephalus melanopogon ) МК
трскар грмушкар (Acrocephalus dumetorum )
трскар рогозар (Acrocephalus scirpaceus ) МК
хавајски трскар (Acrocephalus familiaris )
хендерсонов трскар (Acrocephalus taiti )
шареноглав трскар (Acrocephalus bistrigiceps )
Baker (Warblers of Europe Asia and North Africa ISBN 0-7136-3971-7
Barlow, Wacher and Disley (Birds of The Gambia ISBN 1-873403-32-1
Del Hoyo , J.; Elliot, A. & Christie D. (editors). (2006). Handbook of the Birds of the World . Volume 11: Old World Flycatchers to Old World Warblers. Lynx Edicions. ISBN 84-96553-06-X .
Grimmett, Inskipp and Inskipp (Birds of India ISBN 0-691-04910-6
King, Woodcock and Dickinson,Birds of South-East Asia , ISBN 0-00-219206-3
Mullarney, Svensson, Zetterstrom and Grant (Collins Bird Guide ISBN 0-00-219728-6
Sinclair, I.; Hockey, P. & Tarboton, W. SASOL Birds of Southern Africa (Struik 2002) ISBN 1-86872-721-1