Тромбоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тромбоза згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува заштитен механизам на организмот од искрвавување. Малите оштетувања на ѕидот на крвните плочки и крвните садови се затнуваат со натрупување на слепени крвни плочки и фибрин. Така настанува чеп на местото на оштетувањето на крвниот сад. При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на тромбоцитии фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација сè до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад. Тоа веќе претставува тромбоза. Во организмот е присутен и спротивен на коагулациониот, антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација- искривување и тромбоза. Тромбозата претставува заживотно настанување на солидна маса тромбус во крвните садови и срцето, која е градена од составните делови на крвта. Тромбозата се состои од два процеса и тоа натрупување на тромбоцити на внатрешната страна на крвниот сад и форморање на згрушок од фибрин, во кој се вклопуваат и клетките на крвта. Фибринот е белковина која настанува од крвната белковина фибриноген. За да настане фибринот, или поточно за да настане тромбозата, се случуваат голем број на супстанции, наречени коагулациони фактори. Нив ги има во крвта и во ткивата (особено во мозочното ткиво, постелката и др.). Коагулационите фактори дејствуваат во скаловидна, ланчена заемно поврзана реакција.
Тромбоза | |
---|---|
Цијаноза на долниот десен екстремитет, кои произлегуваат од акутна артериска тромбоза на десната нога | |
Специјалност | Angiology, vascular surgery, хематологија |