Триглав Осигурување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Триглав осигурување АД Скопје (порано Вардар Осигурување) — македонско акционерско друштво за осигурување со седиште во Скопје. Основано е во 1968 година како дел од Зоил Дунав Београд. Своето осамостојување друштвото го добива во 1994 година, со трансформација и регистрација во акционерско Друштво со решение бр.09-5278/1, добиено од страна на Министерството за финансии на Република Македонија. На 15 ноември 2007 година доаѓа до промена на сопственичката структура на А.Д за осигурување Вардар - Скопје, со блок трансакција на македонската берза, каде што, Заваровалница Триглав д.д, откупува 70,36% од акционерскиот капитал и станува сопственик на мнозинскиот дел од акциите. Името на друштвото е усновано на 20 септември 2011 година.
Кратки факти Вид, Дејност ...
Вид | Акционерско друштво осигурителна компанија |
---|---|
Дејност | Финансии и осигурување |
Основано | 1968 |
Седиште | Скопје |
Клучни личности | Трајче Латиновски (генерален директор) |
Производи | Осигурување |
Вработени | 150 (2007) |
Мреж. место | www.advardar.com.mk |
Затвори