From Wikipedia, the free encyclopedia
27. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови, а нејзиниот водач Никола Груевски добил мандат за создавање на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов. Владата била изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 јули 2011.
Трета влада на Никола Груевски Груевски III | |
---|---|
27. влада на Македонија | |
2011-2014 | |
Груевски во 2012 | |
Конституирана | 28 јули 2011 |
Распуштена | 19 јуни 2014 |
Организација | |
Претседател | Ѓорѓе Иванов |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2011 |
Претходен кабинет | Груевски II |
Следен кабинет | Груевски IV |
Составот на Владата од 2011 година е следниов:[1]
Во 2013 година се извршени две реконструкции на влада, во февруари и во мај. На 18 февруари Фатмир Бесими е избран за нов министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите на местото на Теута Арифи, а на неговото место, како министер за одбрана дојде Талат Џафери. Тахир Хани стана нов министер за локална самоуправа на местото на Невзат Бејта.[2]
По оваа реконструкција на министри од редовите на ДУИ, во мај беше направена реконструкција на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 29 мај Спиро Ристовски, дотогашниот министер за труд и социјална политика е избран за министер за образование и наука на местото на Панче Кралев, а на неговото место, како нов министер за труд и социјална политика е избран Диме Спасов. За нов министер без ресор е избран Џери Наумоф.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.