![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3a/Transhumanism_h%252B.svg/langmk-640px-Transhumanism_h%252B.svg.png&w=640&q=50)
Трансхуманизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трансхуманизам (од лат. trans - „низ, над, преку“ и homo — „човек“) — филозофска мисла, идеологија или глобално интелектуално и културно движење кое се залага за усовршувањето на човештвото преку подобрување на неговиот физички и ментален капацитет со помош на сите технолошки и научни достигнувања, односно за поништување на сето она што приврзаниците на ова движење го сметаат како непожелен и непотребен аспект од човековата сосотојба, како што се страдањето, болеста, стареењето, смрта и слично [1]. Трансхуманистичките мислители освен можностите, ги проучуваат и последиците од развојот на технологијата и подобрувањето на човекот, како и другите емергентни технологии кои можат да влијаат врз целта на оваа филозофска мисла [2]. Трансхуманизмот се означува со симболите H + или h + и најчесто се смета за синоним на подобрување на човекот.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3a/Transhumanism_h%2B.svg/640px-Transhumanism_h%2B.svg.png)
За првпат поимот „трансхуманизам“ бил воведен од страна на еден од првите професори по футурологија, Фереидоун М. Есфандиари (познат како FM-2030), во текот на своите предавање на темата "Нови концепти за човекот" низ универзитетите во Соединетите Американски Држави. Тој сметал дека трансхуманизмот е преоден стадиум во човековиот развој кој води до по-човештвото. Оваа хипотеза, претставувала основа британскиот филозоф Макс Мор, кој ги поставил принципите на трансхуманизмот како футуристичка филозофија и ја организирал интелигенција во Калифорнија во текот на 90-тите години на XX век, која прерасна во глобално трансхуманистичко движење [3][4].
Трансхуманистите предвидуваат дека луѓето еден ден ќе се трансформираат во суштества со моќни интелектуални и физички способности со што ќе дојде до промена во способноста за апстрактно мислење, системите за комуникација за самоизразување и интеракциј, интроспекцијата, решавањето на проблеми, размената на идеи, општествените структури составени од многу соработувачки и натпреварувачки групи, од семејства до нации. До промена ќе дојде и во социјалната интеракција меѓу луѓето како и во големиот број на вредности, општествени норми и ритули кои заедно ја создаваат основата на човечкото општество. Отука, човечките суштества ќе престанат да бидат луѓе и ќе се оформат во битија кои ќе го надминат денешното човештво во секој аспект. Овие човечки суштества со големи психофизчки способности во трансхуманистичката литература се именуваат како постлуѓе или полуѓе (на англиски: post-humans).
Трансхуманистичката идеја за човековата иднина привлекла многу следбеници и критичари со различни перспективи. Трансхуманизмот е дефиниран од Френсис Фукујама како "опасната идеја на светот" [5], а други заштитници, како Роналд Бејл го сметаат за "најхрабрата, дрска и идеалистичката надеж за иднината на човештвото" [6]