Транспозон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Транспозон (или скокачки ген) е РНК-низа која може да ја промени својата позиција во рамките на геномот. Транспозоните понекогаш можат да создадат нови мутации или да го променат генетскиот идентитет на клетката и големината на нејзиниот геном.[1] Транспозицијата често резултира со дупликација на истиот генетски материјал. Во 1983 година, Барбара Маклинток ја добила Нобеловата награда за откривање на транспозоните.[2]
Транспозоните сочинуваат голем дел од геномот и се одговорни за голем дел од масата на ДНК во еукариотската клетка. Тие се од огромно значење за функцијата и еволуцијата на геномот.[3] Тие се, исто така, многу корисни за истражувачите, бидејќи се користат како средство за промена на ДНК во внатрешноста на живите клетки.
Постојат најмалку две класи на транспозони: класа I транспозони, или ретротранспозони, кои подлегнуваат на реверзна транскрипција, и класа II транспозони, или ДНК транспозони, кои го кодираат ензимот транспозаза, кој им е потребен за екцизија и вметнување, а некои од нив може да кодираат и други белковини.[4]