Торгау-Ошац
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Торгау-Ошац (германски: Torgau-Oschatz) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Елба-Елстер во Бранденбург и окрузите Риза-Гросенхајн, Дебелн, Мулдентал и Делич.
Округот бил создаден во 1994 година со спојувањето на претходните окрузи Ошац и Торгау и шест општини од поранешниот округ Ајленбург. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.
Главна река во округот е Елба. Пејзажот е доминантно низински со повеќе природни паркови низ округот.
Главен симбол на грбот е лавот од Мајсен, бидејќи територијата на округот историски припаѓала на грофовијата Мајсен. Лавот држи гранче од липа, симболизирајќи ги шумите и земјоделството во округот. Брановитата линија долу е реката Елба.
Грбот бил донесен на 12 јануари 1996 година. |