From Wikipedia, the free encyclopedia
Топографија (грч. τόπος topos, "место", и γράφω graphō, "пишување") е дисциплина на геодезијата која ја проучува површината на копното и ја претставува на топографска карта или план. Топографијата ја проучува ориентацијата и начините на мерења на земјиштето, впишување на податоците преку топографски знаци, ја објаснува содржината на картата и начинот на правилна употреба.
Целта на топографијата е да ја одреди местоположбата на одреден објект во реалноста и да ја претстави на карта, користејќи ги својствата на објектот, како географска должина, географска ширина и надморска височина. Ваквиот вид на карти имаат повеќестрано значење, како геолошко, научно, градежно, безбедносно-разузнавачко и воено-тактичко.
Директното проучување на површината на копното се изведува на самото место кое е предмет на интерес, со помош на помагала како тахеометри, теодолити, клинометри, телеметри, механички курвиметри, планиметри и сл.
Далечинските топографски испитувања се вршат со авионски или сателитски снимања на теренот (фотографирање, инфрацрвено зрачење, ултразвук или електромагнетно зрачење). Преку методот на фотограметрија, добиените слики се користат за изработување на топографска карта, или со компјутерска елевација се добива тридимензионална електронска топографска карта.
Сателитскиот радар, ласер и сонар, се користат за изработување електронски тридимензионални елевациони топографски карти и за изработување топографски карти на морското и океанско дно.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.