американски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас „Том“ Даниелсон (англиски: Thomas "Tom" Danielson; р. 13 март 1978 ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2002-2015 за екипите Меркури (2002), Сатурн (2003), Фаса Бортоло (2004), Дискавери Канал (2005–2007) и Канондејл-Гармин (2008–2015).[2] Тој бил двапати суспендиран за допинг во неговата кариера.
Даниелсон на Трката околу Алберта 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Томас Даниелсон | ||
Прекар | Том или Томи Д[1] | ||
Роден | 13 март 1978 Ист Лајм, Конектикат, САД | ||
Висина | 1,77 м | ||
Маса | 62 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
1999–2001 | СоБе/Хедсхок | ||
Професионални клубови | |||
2002 2003 2004 2005–2007 2008–2015 | Меркури Сатурн Фаса Бортоло Дискавери Канал Слипстрим-Чипотл | ||
Значајни победи | |||
|
Даниелсон моментално го држи рекордот за најбрзо искачување на планината Вашингтон, Њу Хемпшир, како дел од велосипедската трка, која се одржува таму.[3][4] Претходниот носител на рекордот бил американската велосипедска легенда, Тајлер Хамилтон. Исто така го држи рекордот на планината Еванс во Колорадо, на кој поминува највисокиот асфалтиран пат во Северна Америка.[5][6] Претходен носител на рекордот бил Џонатан Вотерс, кој е моментален тренер на Даниелсон.[5][7]
Во 2004, Даниелсон имал големи несогласувања со италијанската екипа Фаса Бортоло, пропуштајќи го пролетниот дел од сезоната поради проблеми со визата.[8] Подоцна, возел за американската екипа Дискавери Ченл, со која победил на Трката околу Џорџија 2005 и Трката околу Австрија 2006.[9][10] Откако Дискавери Ченл се распаднал во 2008, Даниелсон станал дел од екипата Гармин-Чипотл.[11]
Даниелсон ја започнал сезоната со освојувањето на дванаесеттото место на Средоземната трка и на Тур ду Хаут Вар. Потоа, настапил на Париз-Ница, но имал потешкотии на трката и завршил на 52. место. По Париз-Ница, Даниелсон се вратил во форма и завршил втор на Трката Џила, веднаш зад Леви Лајпхајмер (Тим РадиоШек). Неколку недели подоцна, Даниелсон возел на Трката околу Калифорнија, но не успеал да ја заврши трката. Потоа, настапил на Тур де Свис, каде завршил на 25. место. Даниелсон бил осми на Трката околу Полска и Трофео Мелинда. Еден месец подоцна, Даниелсон првпат возел на Вуелта а Еспања. Ја завршил трката како највисоко пласиран Американец, на осмото место. Даниелсон ја завршил сезоната со 29. место на Џиро дел’Емилија.
Даниелсон ја започнал сезоната на Вуелта а Мајорка и завршил 36. на третиот класик, Трофео Деја. Потоа возел на Волта ао Алгарве и завршил како 31., додека на Вуелта а Мурсија завршил на 20. место во генералниот пласман. Меѓутоа, по Мурсија, формата на Даниелсон опаднала, завршувајќи дури на 55. место на Волта а Каталуња, 47. на ГП Мигел Индураин и 18. во генералниот пласман на Трката околу Баскија. По Баскија, Даниелсон се повлекол од тркањето и се насочил кон тренирање. Неколку недели подоцна, Даниелсон се вратил и завршил на 20. место на Тур де Романди. Потоа, завршил на третото место во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија и деветти на Тур де Свис, што му го донеле дебито на Тур де Франс, каде имал добар настап и завршил како највисоко пласиран Американец на осмото место.[12][13][14] По Тур, Даниелсон завршил на петтото место во генералниот пласман на Трката околу Јута и бил четвртти на првото издание на САД Про Сајклинг Челинџ. По двете американски трки, Даниелсон ја завршил сезоната со настап Гран при Монтреал.
Откако не можел да настапи на Тур де Лангкави, Даниелсон се вратил во форма на Волта а Каталуња, каде завршил како дванаесетти во генералниот пласман и втор во планинскиот пласман. По Каталуња, Даниелсон завршил на 20. место на Трката околу Баскија и покажал добри резултати на Трката околу Калифорнија, каде го освоил петтото место на кралската етапа на трката.[15] Исто така завршил на деветтото место на етапата 5 на поединечниот хронометар, со што го задржал високиот пласман во генералниот пласман.[16] Овие резултати му помогнале да дојде до третото скалило на подиумот.[17] По Калифорнија, Даниелсон завршил единаесетти на националното друмско првенство, седми на Тур де Свис и бил избран да настапи на неговиот втор Тур де Франс. Меѓутоа поради повреди здобиени од падови, Даниелсон се повлекол од трката на шестата етапа. Следниот месец, Даниелсон се вратил на Трката околу Јута, каде завршил на 11. место во генералниот пласман и учествувал во победата на екипниот хронометар. Потоа, настапил на САД Про Сајклинг Челинџ, каде завршил на седмото место во генералниот пласман и ја освоил третата етапа. Списанието Bicycling подоцна ја именувала етапата како „највозбудливиот ден во друмскиот велосипедизам на американска почва“.[18]
По шесте месеци забрана, Даниелсон се вратил на трките на Волта а Каталуња, каде завршил како десетти во генералниот пласман. Меѓутоа, потоа не настапил на ГП Мигел Индураин, но сепак се вратил во форма на Трката околу Баскија, каде завршил на 11. место во генералниот пласман. Продолжил да вози силно и завршил четврти во генералниот пласман на Тур де Романди. Даниелсон возел на Џиро д’Италија со цел да му помогне на колегата Рајдер Хесједал да ја повтори минатогодишната победа, но Хесједал се повлекол по етапата 12. По повлекувањето на Хесједал, Даниелсон можел да вози по своја волја, но се разболел во последната недела и на крај завршил дури на 94. место.[19] Во јуни, Даниелсон бил избран за настап на својот трет Тур де Франс како помошник. Даниелсон завршил на 60. место во генералниот пласман.[19] По Тур, Даниелсон победил на Трката околу Јута.[20][21][22] Даниелсон ја завршил сезоната со третото место на САД Про Сајклинг Челинџ.[23][24]
Во август, Даниелсон се вратил на Трката околу Јута и ја освоил. Ова било втора година по ред како ја освоил титулата.[25] Следниот месец, Даниелсон го потврдил неговото учество на Икон ЛАСИК Трка на Месечината.[26]
На 20 јануари 2015 година, глумецот Патрик Демпси и Том Даниелсон биле домаќини на трка во Аризона наречена „Вози, Тусон!“. Трката содржела круг околу градот, кој бил затворен за сообраќај на три часа.[27]
Во мај, Даниелсон го напуштил Џиро д’Италија поради повреда на коленото.[28]
Во септември 2012 во објава на форум, екипниот менаџер и сопственик на Гармин Шарп Џонатан Вотерс изјавил дека Даниелсон користел допинг со производи на крвта со цел зголемување на кислородот кој е потребен за мускулите.[29] На 10 октомври 2012, американската антидопинг агенција (УСАДА) објавила дека Даниелсон ќе биде суспенсиран на шест месеци за признавање допинг за време на договорот со екипата УС Постал.[30][31] Подоцна истиот ден, организацијата издаде изјава која го потврдува неговото потврдување на шестмесечната забрана од 1 септември 2012 до 1 март 2013. Воедно му биле одземени сите постигнати резултати помеѓу 1 март 2005 и 23 септември 2006.[32] Даниелсон ја објавил својата изјава еден ден подоцна во која изразува жалење за неговата одлука „да ја помине линијата“. Тој изјавил: „Ја прифаќам одговорноста за мојот избор и им се извинувам на сите во мојот живот за тоа - во и надвор од спортот“.[31]
На 3 август 2015 година, Даниелсон објавил преку Твитер дека бил позитивен на синтетички тестостерон при контрола надвор од трка на 9 јули. Бил суспендиран од неговата екипа, чекајќи го исходот од неговиот примерок „Б“.[33] На 6 ноември 2015 година, УСАДА потврдил дека неговиот примерок „Б“ исто така е позитивен.[34]
Роден во Ист Лајм, Конектикат, Даниелсон престојува во Булдер, Колорадо, со неговата жена Стефани и нивните деца, Стивен (р. 2010) и Стела (р. 2012).[35][36] За време на детството престојувал во Конектикат, а средно училиште завршил во Дуранго, Колорадо.[36] Даниелсон ги смета Булдер и Дуранго како свои родни градови.[36]
СО = се откажал; поништени резултати = пречкртани; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.