Томирис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Томирис (/ˈтoʊмɪрɪs//ˈtoʊmᵻrɪs/; од источно ирански: تهمرییش Tahm-Rayiš),[1] исто така позната и како Томрис, Томирид или кралицата Томири — масагетска владетелка која царувала над Масагетите, ирански народ од скитската пастирско-номадска конфедерација на Средна Азија источно од Каспиското Езеро, во делови од денешен Туркменистан, Авганистан, западен Узбекистан и јужен Казахстан.[2][3][4][5] Томирис ги водела нејзините војски при одбраната од напад од страна на Кир Велики од Ахеменидското Царство и го поразила и убила во 530 година п.н.е. (иако ова е дискутабилно бидејќи Херодот споменува дека тоа е само една од многуте приказни кои се однесуваат на смртта на Кир Велики).
Томирис е спомената од страна на неколку антички автори, меѓу кои прв е Херодот. Таа е исто така спомената од страна на Страбон, Полијен, Касиодор, и Јорданес.