Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Шест професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 24 екипи. Кофидис, со шест возачи, била единствената екипа која не настапила со целосен состав од седум возачи. Вкупно на трката започнале 167 возачи.[4]
Поради бран на симптоми на грип, иако без позитивни тестови на КОВИД-19, многу возачи биле принудени да се повлечат од трката.[5] Од вкупно 167 возачи, трката ја завршил 143.[6]
На втората етапа, Тадеј Погачар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Ремко Евенепул ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
На третата етапа, Тим Мерлиер, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман.
На петтата етапа, Тим Мерлиер, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Ремко Евенепул, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.
На шестата етапа, Ремко Евенепул, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Погачар и Евенепул биле исто така прв и втор во пласманот за млад возач, поради што третопласираниот Тимен Аренсман ја носел белата маичка.
На седмата етапа, Јонас Вингегор, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Тимен Аренсман, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.
Повеќе информации ОАЕ ЕмиратиUAD, АГ2Р Ситроен ТимACT ...