Тетратка на смртта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Death Note (Тетратка на смртта) (јапонски: デスノートcode: ja is deprecated , Desu Nōto) — манга-серијал создаден од писателот Тсугуми Охба и манга уметникот Такесхи Обата. Главен лик е Јагами Лајт, средношколец што ќе открие тетратка со натприродни моќи, „Тетратката на смртта“, која на Земјата му има паднато на Рјук. Дејствието се врти околу тоа да со помош на тетратката Јагами Лајт створи и владее свет кој е исчистен од зло и напорите на детективот, познат како L, и неговите понатамошни наследници, Near и Mello, да го спречат во тоа. Тетратката му ја дава способноста на нејзиниот корисник да убие било кој чие име го знае, со запишување на името во тетратката додека си го замислува неговото лице.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тетратка на смртта најпрво било серијализирано во 108 поглавја од страна на Shueisha во јапонското манга-списание Weekly Shōnen Jump од декември 2003 до мај 2006. Серијалот, исто така, бил објавен и во tankōbon формат во Јапонија, почнувајќи од Мај 2004 до Октомври 2006 во вкупно 12 поглавја. Аниме серијалот започна да се емитува од 3 октомври 2006 до 26 јуни 2007. Составена од 37 епизоди, анимето беше создадено од страна на Медхаус и режирано од Тетсуро Араки. Во Јапонија бил објавен и роман за млади заснован на серијалот чиј автор е Нисио Исин. Исто така, биле издадени најразлични видео игри од Конами за Нинтендо ДС.
ВизМедија го лиценцираше серијалот Тетратка на Смртта во Северна Америка, при тоа издавајќи ги сите 12 поглавја на мангата, како и на романот за млади. Епизодите од серијалот за првпат се појавија како подобни за спуштање од интернет од страна на ИГН. ВизМедија потоа го лиценцираше и аниме серијалот и го емитуваше на Бионикс. Филмовите засновани на Тетратка на Смртта кратко се даваа во определени кина во Северна Америка. Што се однесува до видео игрите, ниту една од нив досега не била издадена во Северна Америка.
Неколку издаваштва за аниме, манга и други медиуми имаат дадено пофалби и критики за серијалот. Содржината и насилството од приказната се пофалени, нотирајќи ги како мошне интересни. Меѓутоа, серијалот бил забранет во Кина поради проблеми со деца кои се обидувале да ги видоизмнат кориците на нивните тетратки да личат на Тетратката на Смртта.
На 30 април 2010, магазинот Варајети објави дека Варнер Броз ги имаат откупено правата за адаптација за филмување на мангата во Северна Америка. За таа цел, Варнер Броз ги ангажирале сценаристите Чарли И Влас Парлапанидес. За разлика од јапонската Тетратка на Смртта трилогија, Американската верзија ќе биде директно заснована на материјалите од мангата, и нема да го следи јапонскиот тек на дејствието.[1] Од 10 мај 2010, ИМДб го има вметнато филмот под предпродукција со можен датум на издавање во 2011.[2]