From Wikipedia, the free encyclopedia
Тероар (француски: terroir = „поднебје“) — француски израз кој се користи при оценка на вино и кафе, за означување на специфичните географски одлики кои обдариле со особеност еден производ. Овој смисол за месност е отелотворен во извесни одлики, и збирот на влијанијата на локалната животна средина врз одгледувањето на растението и изработката на производот.
Особено познат и наградуван тероар во Македонија е Барово, Демиркаписко.[1]
Според Terroir-France, „тероар е група лозја (или дури и лозници) од еден ист регион под заедничко име, кои растат на ист тип почва, временски прилики, исти методи на одгледување на грозјето и правење вино, кои придонесуваат кон специфичните одлики на виното.“ Некои стручњаци додаваат и историја, традиција, сопствеништво на лозјето и други фактори.
Денешното значење на изразот е пошироко од само географско, но тука почнуваат несогласувањата. Некои велат дека тероарот нема никаква врска со сортата на лозата, гроздоберот и методите на производство (винарство и др.), и претставува на низа локални влијанија кои се пренесуваат врз карактерот на производот.
Исто така се поставува прашањето дали тероарот е измерлив, и улогата која тој ја игра во производството на „добро“ вино - сето тоа е тема на расправа. Работата уште повеќе се усложнува со тоа што некои енофили го користат терминот тероар за вина кои се карактеристични и уникатни за нивното географско потекло. Во овој случај, тероар не се однесува на земјата, туку на виното.
Компоненти на еден тероар се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.