![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d4/SkopjeMEPSO.jpg/640px-SkopjeMEPSO.jpg&w=640&q=50)
Телекомуникациски центар Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Телекомуникацискиот центар на архитект Јанко Константинов е едно од најзначајните архитектонско-урбанистички целини реализирани во постземјотресна обнова на Скопје. Неговата реализација ќе биде долготрајна и комплексна, ќе остане некомплексна со серија на измени и преработки во однос на оригиналната авторска идеја.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d4/SkopjeMEPSO.jpg/640px-SkopjeMEPSO.jpg)
Телекомуникацискиот центар претставува интегрален елемент на планот на Кензо Танге за постземјотресна обнова на центарот. Обновата на центарот на градот во 1965 година ќе биде предмет на повикан меѓународен конкурс во организација на ООН и југословенската влада. На конкурсот ќе учествуваат четири странски тима и четири тима од поранешните југословенски простори. Во македонскиот тим предводен од арх. Славко Брезовски, учествува и Јанко Константинов , штотуку вратен од престојот во САД.
Меѓународната жири комисија ќе ја подели наградата – 60% ќе добие јапонскиот предлог на Кензо Танге и неговиот тим, а преостанатите 40 % на хрватските архитекти Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер. Планот на Танге за центарот на Скопје е амбициозен во секаква смисла- архитектонска , симболичка , економска, политичка. Планот ќе направи ревизија на функционалистичкиот пристап во урбаното планирање и ќе понуди храбри ” футористички ” визии за метропола на работ на утопија. На територијата со речиси квадратен формат од околу 290 хектари , организирана околу меандричкиот тек на реката Вардарар, планот предвидува значајна трансформација на наследниот урбан модел и постојната слика на градот. Централизираната предземјотресна геометрија на градот, Танге ја зајакнува со поставување на потковица од објекти со оминантно станбен карактер т.н “ Градски ѕид “ кој го затвора најстрогиот центар на градот. Од друга страна, ваквата геометрија ја разбива, трасирајќи нова линеарна наскоа на развој во правец исток-запад, која го следи природниот правец на протегање на скопската котлина. По должина на оската , на бреговите на реката Вардар се поставени серија на јавни објекти ( културни, трговски, административни, образовни ), кои го нагласуваат јавниот карактер на просторот. Ваквата агрегација на јавни содржини започнува на исток со (мега)структурата на “ Градската порта “. Во таа смисла телекомуникацискиот комплекс претставува завршница на новата оска исток- запад која поаѓа од Транспортен центар, објектот на Градскиот трговски центар кон плоштадот Маршал Тито, на која се нижат програми со различен карактер.