Тврдокрилци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тврдокрилците го образуваат редот на инсекти означен како Coleoptera. Тоа е ред со најголем број на видови (околу 350 000[1]), при што сочинува околу 40% од сите инсекти, a 25%[1] од сите форми на живот. Најголема група на тврдокрилци е фамилијата на чурулкарите (Curculionidae).
Тврдокрилци Период: Ран Перм - денес | |
---|---|
Lucanus cervus, елењак | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Поткласа: | Pterygota |
Инфракласа: | Neoptera |
Надред: | Endopterygota |
Ред: | Coleoptera Linnaeus, 1758 |
Подредови | |
Adephaga |
Овие инсекти можат да се најдат во речиси сите копнени и слатководни станишта (со исклучок на поларните области), но не се сретнати во морињата. Најчесто се исхрануваат со растенија и габи, го разградуваат растителниот и животинскиот отпад и јадат други безрбет. Тука се вклучени некои земјоделски штетници, како компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), црвената брашнеста бубачка (Tribolium castaneum) и др., додека други видови се важни во контролата на популациите од земјоделски штетници, како на пример тврдокрилците од фамилијата на бубамари (Coccinellidae), кои се исхрануваат со растителни вошки, памучни вошки, трипси и други инсекти кои се хранат со растителни сокови.