From Wikipedia, the free encyclopedia
Тахоклина (од старогрчки: ταχύς, „брз“ и κλίνειν, „наклон“) — преодно подрачје на Сонцето помеѓу зрачната внатрешност и диференцијално вртечкиот надворешен струевит слој. Ова е надворешната третина на Сонцето (по полупречник). Ова предизвикува многу големо смолкнување во подрачјето при наглите промени во вртежната брзина. Струевитата надворешност се врти како нормална течност со диференцијално вртење, каде половите вртат бавно, а екваторот се врти брзо. Зрачната внатрешност покажува цврстотелесно вртење, веројатно поради фосилното поле. Вртежната брзина низ внатрешноста е приближно еднаква на вртежната брзината при средните должини, т.е. помеѓу бавните полови и брзиот екватор. Recent results from хелиосеизмологија покажуваат дека тахоклината се наоѓа на највеќе 70 % од растојанието до јадрото до површината, со дебелина од 0,04 Сончеви полупречници. Ова значи дека подрачјето има многу голем профил на смолкнување, што е е ден начин на образување на големоразмерни магнетни полиња.
Геометријата и ширината на тахоклината играат важна улога во моделирањето на сончевото динамо; таа го навива послабото полоидно поле и создава многу посилно тороидно поле. Радионабљудувањата на постудени ѕвезди и кафеави џуџиња (кои немаат зрачно јадро и имаат само струевит слој) покажуват дека истите одржуваат големоразмерни магнетни полиња со јачина и активност како онаа на Сонцето и покрај отсуството на тахоклини. Ова укажува на тоа дека струевитиот слој е сам посебе одговорен за работењето на сончевото динамо.[1]
Поимот „тахоклина“ првпат се појавил во 1992 г. во труд на Едвард Спигел и Жан Пол Цан[2] по аналогија на океанската термоклина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.