Сушево (Кумановско)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Сушево — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Сушево | |
Координати 42°14′45″N 21°45′56″E | |
Општина | Куманово |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17100 |
Сушево на општинската карта Атарот на Сушево во рамките на општината | |
Сушево на Ризницата |
Економијата во ова село скоро и да не постои, бидејќи морталитетот е поголем од наталитетот т.е. во ова село скоро и да нема млади. Во селото има останати уште само неколку семејства.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 240 жители, од кои 190 Албанци, 30 Роми и 20 Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушево имало 56 жители, патријаршисти србомани .[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 34 жители, од кои 30 Срби, 3 Македонци и 1 Албанец.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 2 Македонци и 5 Срби.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 56 | 285 | 309 | 289 | 193 | 123 | 67 | 58 | 34 | 7 |
Сушево е православно мешано село, порано било муслиманско..
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани. Православните се иселиле во Никуљане (Грујинци 26 к.), Ослар кај Бујановац (Гарванци 10 к.), и во Горно Коњаре (Сушевци 2 к.)
По Втората светска војна населението се иселувало воглавно во Куманово.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.