Драгоманце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Драгоманце (или Драгоманци) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Драгоманце Драгоманци | |
Поглед на селото Драгоманце | |
Координати 42°13′23″N 21°51′51″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 124 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1303 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17033 |
Надм. вис. | 424 м |
Слава | Митровден |
Драгоманце на општинската карта Атарот на Драгоманце во рамките на општината | |
Драгоманце на Ризницата |
Се верува дека името на селото потекнува од основачот на селото, кој бил старешина на група на работници или „драгоман“.[2]
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, речиси во самиот средиштен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, недалеку од левата страна на реката Пчиња. Селото е ридско, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 560 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 25 километри.[3]
Драгоманце е поделено на две маала во две долини. Едната долина е на Драгоманскиот Поток, а другата е долината на Степанска Река, и двете леви притоки на Пчиња. Во првата долина се наоѓа поголемото маало Село со 20 куќи, додека второто маало Гладница има 14 куќи. Во маалото Гладница се наоѓа осумгодишното основно училиште, заедно со интернат за учениците од другите села.[2]
Атарот е мал и зафаќа површина од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 261 хектар, на пасиштата отпаѓаат 193 хектари, а на шумите само 7,6 хектари.[3]
Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Селиште на 500 м северно од него.[4]
Драгоманце во денешен облик не е многу стара населба, основано е на почетокот на XIX век. Како негов основач се споменува некој човек со своите три сина, кои се доселиле од Поповац, од околината на Параќин, Србија.[2]
Куќите на првите жители биле во денешното маало Гладница, но поради постојаните зулуми, почнале да се преместуваат во соседното, но позатскриена долина, кај денешното маало Село. Околу 1900 година, некои од жителите повторно се вратиле во маалото Гладница.[2]
Во XIX век, Драгоманце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото во основа има полјоделска функција.[3]
До 1963 година, жителите на Драгоманце најмногу живееле од одгледувањето жито и чувањето овци. Откако бил изграден каналот за наводнување, поголемиот дел од жителите се префрлиле на одгледување зеленчук. Најмногу се произведувало пиперки, зелка и кромид.[2]
Во минатото во селото постоел производствен погон на фабриката „ЧИК“ од Куманово,[3] кој денес е пренаменет во погон на фабриката „Бонум“. Погонот има капацитет за преработка на 6.000 тони зеленчук, а располага со 5.000 метри квадратни платоа и 5 хектари земјиште.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драгоманце имало 295 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгоманце имало 240 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Драгоманце е мала населба, којашто во 1961 година броела 238 жители, а во 1994 година 148 жители, од кои 115 Македонци и 31 Србин.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Драгоманце имало 133 жители, од кои 124 Македонци и 9 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 124 жители, од кои 101 Македонец, 9 Срби и 14 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 295 | 240 | 203 | 213 | 238 | 226 | 182 | 165 | 148 | 133 | 124 |
Според авторот Јован Трифуноски, во селото имало македонски и ромски[15] родови, иако според пописните податоци по Втората светска војна, во селото не се сретнуваат Роми. Сите родови потекнуваат од предци, кои биле доселени:[2]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Драгоманце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Од Драгоманце има и постари и понови иселеници. Постарите се сретнуваат во кумановските села: Стрновац (Биризовчани, 17 к.), Пузајка (Дршљанци, 7 к.; Киринци, 5 к. и Гривинци, 1 к.) и Врачевце (Стошинци, 2 к.).[2]
Новите иселеници главно се иселувале во градовите Куманово и Скопје.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.