Сурфање
воден спорт / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сурфање или јавање на бранови — воден спорт во кој едно лице (наречено сурфер) „јава“ на предната страна или на дното на подвижен бран, кој обично се движи кон брегот.[1][2] Брановите погодни за сурфање првенствено се наоѓаат во океан и море, но можат да се најдат и во езера или реки како „стоечки бран“ или приливен бран. Меѓутоа, сурферите можат да користат и вештачки бранови создадени од чамци, како и бранови создадени во посебни вештачки базени за сурфање.[3]
Изразот „сурфање“ се однесува на чинот на јавање на бран, без разлика дали бранот е „јаван“ со или без штица, и без оглед на положбата на телото додека се прави тоа. Домородните народи на Тихиот Океан, на пример, ги јавале брановите користејќи дрвени штици од Alaia, Paipo и други слични видови, и обично тоа го правеле на стомак и колена. Современата определба за сурфање, меѓутоа, најчесто се однесува на сурфер што јава бран додека стои на штица за сурфање.
Сурфањето е олимписки спорт од 2021 г. „Сурфање“ може да значи и „пребарување на интернет“.[1][2]