Суперкуп на УЕФА 2020
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперкуп на УЕФА 2020 било 45. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.
Суперкуп на УЕФА 2020 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||||
| |||||||
по продолженија | |||||||
Датум | 24 септември 2020 | ||||||
Стадион | Пушкаш Арена, Будимпешта | ||||||
Играч на натпреварот | Томас Милер (Бајерн Минхен)[1] | ||||||
Судија | ![]() | ||||||
Гледачи | 15,180[3] | ||||||
← 2019 2021 → |
Во овој Суперкуп се сретнале екипите на Бајерн Минхен, победник на Лигата на шампионите 2019-2020, и Севиља, победник на Лига Европа 2019-2020. Натпреварот се одиграл на Пушкаш Арена во Будимпешта, Унгарија на 24 септември 2020.[4]
Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, на 12 август 2020 година;[5][6] сепак, откако пандемијата на COVID-19 предизвикала одложување на завршницата на Европските клупски турнири од претходната сезона, Извршниот комитет на УЕФА избрал да го додели презакажаното Финале на Лигата на шампионите на Португалија и го премести Суперкупот во Будимпешта.[7][8]
Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи ја Севиља со 2-1 по продолженија. Головите за победничкиот тим ги постигнале Леон Горецка и Хави Мартинес, додека стрелец за Севиља бил Лукас Окампос од пенал.[1]