From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперкуп на УЕФА 2017 било 42. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.
Суперкуп на УЕФА 2017 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||
Датум | 8 август 2017 | ||||||
Стадион | Телеком арена, Скопје | ||||||
Играч на натпреварот | Иско | ||||||
Судија | Џанлука Роки[1] | ||||||
Гледачи | 30,421[2] | ||||||
Во Суперкуп на УЕФА 2017 играле екипите на Реал Мадрид, победник на Лигата на шампионите 2016-2017, и Манчестер Јунајтед, победник на Лига Европа 2016-2017.[3] Натпреварот се одиграл на стадионот Телеком арена во Скопје, Македонија на 8 август 2017 година.[4]
Реал Мадрид го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1. Головите за шпанскиот тим ги постигнале Каземиро и Иско, додека стрелец за Манчестер Јунајтед бил Ромелу Лукаку.
Екипа | Пласиран како | Претходни учества |
---|---|---|
Реал Мадрид | Победник во УЕФА Лига на шампиони 2016/17 | 1998, 2000, 2002, 2014, 2016 |
Манчестер Јунајтед | Победник на УЕФА Лига Европа 2016/17 | 1991, 1999, 2008 |
Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога тимот победил во натпреварувањето.
Натпреварот започнал со шанса за Манчестер Јунајтед, но Лукаку не успеал да поентира од поволна позиција. Реал возвратил во 16-тата минута кога по корнерот на Крос, ударот со глава од страна на Варан завршил во пречката. Иницијативата на „кралевите“ вродила со плод во 24-тата минута кога Карвахал мајсторски му асистирал на Каземиро, кој со многу чувство со лизгачки старт успеал да ја спроведе топката зад грбот на де Хеја. Со голот за водство на Реал се отишло на одмор.
Свесен дека не се премногу опасни кон голот на Реал, на почетокот на вториот дел Мурињо во игра го внел Рашфорд на местото на Лингард. Меѓутоа, пак сериозна закана дошло од страна на шпнаците, откако силно шутирал Тони Крос, но де Хеја прекрасно одбранил. Реал успеал до го удвои водсвтото во 52-рата минута кога Иско и Бејл убаво спровеле двојно додавање, исфрлувајќи ја од игра целата одбрана на Јунајтед, а Иско со прецизна завршница погодил за 2-0. Англичаните возвратиле со неколку изгледни шанси, од која една стопостотна на Лукаку, но промена на резултатот немало до 62-рата минута. Тогаш по ударот на Матиќ, Навас одбранил за момент, а Лукаку овој пат не можел да не погоди, намалувајќи го резултатот на 2-1. До крајот англичаните се обидувале да дојдат до израмнување, меѓутоа Реал имал контрола на случувањата на теренот и на крајот тие биле славениците на овој Суперкуп на УЕФА.
Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.
8 август 2017 | Реал Мадрид | 2–1 | Манчестер Јунајтед | Скопје |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Извештај |
|
Стадион: Телеком арена Гледачи: 30,421[2][5] Судија: Џанлука Роки |
Реал Мадрид[6]
|
Манчестер Јунајтед[6]
|
|
|
Играч на натпреварот:
Помошни судии:[1]
|
Правила на натпреварот[8]
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.