Суперкиселина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперкиселина — киселина чија киселост е повисока од киселоста на чиста сулфурна киселина (H
2SO
4),[1] чија Хаметова функција на киселост (H0) изнесува −12. Според посовремена дефиниција, суперписелината е средина во која хемискиот потенцијал на протонот е повисок од чиста сулфурна киселина.[2] Во продажба се трифлуорометансулфонската (CF
3SO
3H) и флуоросулфурната киселина (HSO
3F), обете илјада пати посилни од (т.е. со понегаривни H0-вредности) од сулфурната киселина. Највеќето силни суперкиселини се добиваат со мешање на силна Луисова киселина и силна Бренстедова киселина. Таква силна суперкиселина е флуороантимонската киселина, која е најсилната од сите постоечки киселини. Друга група на суперкиселини е карборанската, која ги опфаќа другите најсилни киселини. Кога ќе се обработат со безводна киселина, зеолитите (микропорозни алуминосиликатни минерали) содржат суперкисели места во нивните пори. Овие материјали на големо се користат во петрохемиската индустрија во надоградувањето на јаглеводородите за добивање на горива.