![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/06/Sumatra_Topography.png/640px-Sumatra_Topography.png&w=640&q=50)
Суматра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суматра (индонезиски: Sumatera) е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Најмногу имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.
![]() Топографија на Суматра | |
Географија | |
---|---|
Место | Југоисточна Азија |
Координати | 0°00′N 102°00′E |
Архипелаг | Големи Сундски Острови |
Подреденост по површина | 6 |
Највисока точка | Керинчи |
Управување | |
Индонезија | |
Покраини | Ачех, Бенкулу, Џамби, Лампунг, Риау, Западна Суматра, Јужна Суматра, Северна Суматра |
Најголема населба | Медан (pop. 2.392.922 (2003)) |
Демографија | |
Население | 45 млн (2005) |
Етнички групи | Ачеси, Батаци, Минангкабау, Малајци |
Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра (3.805 метри). Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источната половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е оддалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.
Цунами со височина од 15 метри, произлезено од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено покраината Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.
На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлоатира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.