Сули ан
поранешен ан и сарај во Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сули ан — поранешен ан и караван-сарај во Скопје, сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Градбата се наоѓа во непосредна близина на Чифте амам и Мурат-пашината џамија и заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на чаршијата и во Скопје воопшто. Во Сули ан, денес се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија.[1]