Сулиоти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сулиотите биле православна албанска племенска заедница, кои живееле во областа Сули во Епир од 16ти до почетокот на 19ти век, кога учествувале во Грчката војна за независност и по неа започнале да се идентификуваат со грчката нација. Сулиотите потекнувале од албанските кланови кои се населиле во висорамнините на Теспротија во доцниот среден век и воспоставиле една автономна конфедерација, која успешно се спротивставила на осмалиската власт многу години. Во екот на најголемата моќ, во втората половина на 18ти век, се проценува дека Сулиотската конфедерација броела околу 4,500 жители. После револуцијата, тие се населиле во новоформираната независна Грција, каде се асимилирале во Грци. Сулиотите биле припадници на Цариградската патријаршија. Тие говореле на сулиотски дијалект на албански јазик и научиле грчки после нивното населување во Грција преку интеракција со грчкото население. Сулиотите биле познати по нивната воена моќност, нивниот отпор против Али Паша Јанински, а подоцна и по нивниот придонес во Грчката војна за независност од Османлиската империја; познати сулиотски водачи од оваа војна се Марко Бочвар и Кицос Цавелас.[3][4][5]
Сулиотски воини прикажани во акварел на Чарлс Роберт Кокерел со наслов Албански паликари во потера по непријател (1813-4) | |
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Сули | |
"тетрахори" | c. 3,250[1][2] |
"ептахори" | до 1,250[1][2] |
Јазици | |
албански грчки (од 18ти век наваму) | |
Вероисповед | |
Православие |
Првите историски записи за бунтовничка активност во Сули датираат од 1685. Во текот на 18ти век, Сулиотите ја прошириле својата територија на влијание. Кога Али Паша станал локален османлиски владетел во 1789 тој веднаш започнал напади на Сули. Сепак, бројноста на неговите трупи не била доволна. Опсадата на Сули била засилена од 1800 и во декември 1803 Сулиотите склучиле примирје и се согласиле да ја напуштат својата земја. Повеќето од нив заминале на Јонските Острови и со избувнувањето на Грчката војна за независност тие биле меѓу првите кои земале оружје против Османлиите. По успешната борба за независност, тие се населиле во делови на новоформираната грчка држава и се асимилирале во грчката нација, при што многумина добиле високи позиции во грчата влада, а Кицос Цавелас станал и премиер.