Стока (економија)
единица произведена за задоволување на побарувачка или потреба / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стока, роба или артикл — нешто за што постои побарувачка, но кое се нуди без квалитативна разлика низ пазарот. Ова е производ кој е ист без разлика кој го произведува. Такви примери се бензинот, хартијата за пишување или млекото.[1] Со други зборови, бакарот е бакар. Оризот е ориз. Меѓутоа аудио-системите на пример, имаат многу нивоа на квалитет. И што подобар е системот, тоа повеќе чини. Цената на бакарот е универзална, и флуктуира на двевна база зависно од глобалната понуда и побарувачка.
Една од одликите на стоката е тоа што нејзината цена се одредува како функција на нејзиниот пазар во целина. Добро зацврстените физички стоки од одамна активно се тргувале на готовинските и деривативните пазари. Ова се основни ресурси и земјоделски производи како железната руда, сировата нафта, јагленот, етанолот, солта, шеќерот, кафето, сојата, алуминиумот, оризот, пченицата, златото и среброто.
Феноменот наречен комодификација се случува кога пазарот на добрата и услугите престанува да разликува место на набавка, често со распрснување на интелектуалниот капитал потребен за нивно стекнување или производство. Како такви, добрата на кои порано се добивало висока маржа сега се стока, како да речеме генерички лекарства и силициумски чипови.