Стивен Чу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стивен Чу (кинески: 朱棣文, пинјин: Zhū Dìwén[4][5][6][7][8], трскр. Џу Дивен; 28 февруари 1948 [9]) — американски физичар познат по своите истражувања во Беловите лаборатории и универзитетот Стенфорд за ладење и заробување на атомите во ласерска светлина, за што освоил Нобелова награда за физика во 1997 година заедно со неговите колеги Клод Коен Тануџи и Вилијам Даниел Филипс.
Почесен Стивен Чу[1] | |
---|---|
12ти Министер за енергетика | |
На должноста 21 јануари 2009 – 22 април 2013 | |
Претседател | Барак Обама |
Заменик | Даниел Понман |
Претходник | Семјуел Бодман |
Наследник | Даниел Понман (активен)
Ернест Мониз |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 февруари 1948(1948-02-28) Сент Луис, Мисури, САД |
Партија | Демократ[2][3] |
Установа | Рочерстерски универзитет Калифорниски универзитет |
Награди | Нобелова награда за физика (1997) |
Чу работел како 12ти министер за енергетика на САД од 2009 до 2013 година. Кога бил избран за Министер за енергетика, Чу бил професор по физика и молекуларна биологија на Калифорнискиот универзитет, и директор на националната библиотека во Беркли, каде неговите истражувања[10][11][12] главно биле насочени кон проучувањето на биолошките системи.[13] На 1 февруари 2013 година, најавил дека нема да биде министер за време на вториот мандат на претседателот Обама, за подоцна да даде оставка на 22 април 2013 година.[14][15][16]
Чу е гласен поборник за повеќе истражувањата во обновливите извори на енергија и јадрената енергија, тврдејќи дека запоставувањето на фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени.[17][18][19] На пример, тој осмислил глобална „гликозна економија“, облик на нискојаглеродна економија, во која гликозата од тропските растенија се испорачува низ светот како што се тоа се прави денес со нафтата.[20]