Старословенски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старословенскиот јазик или старомакедонски јазик[1] (стсл. ́ ́, ) е познат во лингвистиката (поточно во славистиката) како првиот пишан, забележан, засведочен словенски јазик, а тоа бил јазикот којшто го говореле македонските Словени во непосредната околина на Солун (говорите од Сухо и Висока), во втората половина на IX век и се засновал на македонскиот јазик[2]. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик - татко на современите словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно, бидејќи старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на јужнословенски јазици, поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со современите македонски и бугарски јазик. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од прасловенскиот јазик. Познато е дека вистинските говорители сопствениот јазик го именувале како словенски (́ ́), а себе се именувале како Словени (, мн. ).
Старословенски јазик | |
---|---|
́ ́, | |
Застапен во | Словенска Европа |
Подрачје | Источна и Јужна Европа |
Изумрен | се употребува само како богослужбен и службен јазик на православните цркви |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | глаголица; кирилица |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | cu |
ISO 639-3 | chu |