From Wikipedia, the free encyclopedia
Старозагорското востание претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На 12 август 1875 година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран Стефан Стамболов и Никола Обретенов, а за центар на востанието - Стара Загора.
Знамето на Старозагорското востание, со натпис "Слобода или смрт" | |
Карта на движење на востаниците во Старозагорското востание | |
Изворен назив | Старозагорското Възстание |
---|---|
Датум | 1875 |
Исход | Неуспешно, довело до Априлското востание |
Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Востанието во крајна сметка не било успешно. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите.
И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на Априлското востание, по кое се создала новата бугарска држава на Балканот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.