Старе Село (Лавовска Област)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старе Село (украински: Старе Село; полски: Stare Sioło; во превод Старо Село) ― село во Лавовскиот Реон, Лавовската Област, Украина. Таму се наоѓа Стареседелскиот замок, или подобро кажано, тврдина на кнезовите Острогски. Припаѓа на давидивската селска хромада, една од хромадите во Украина.[1]
На 29 август 2016 година, теренецот на Мерцедес, кој припаѓал на Лвов Холодокомбинат ОЈСЦ, прво бил разнесен во селото со проектил (или мина[2]) поставено на коловозот, а потоа стрелан со автоматско оружје. Возачот и двајцата обезбедувачи загинале. Инцидентот е поврзан со обид за атентат врз сопственикот на претпријатието, Бохдан Копитко.[3]
До 18 јули 2020 година, Старе Село припаѓало на Пустомитскиот Реон. Реонот бил укинат во јули 2020 година, како дел од административниот преоблик на Украина, со што бројот на реони во Лавовската Област бил намален на седум. Областа на Пустомитскиот Реон бил споена во Лавовскиот Реон.[4][5]