Средно време по Гринич
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средното време по Гринич (крат. GMT, од англ. Greenwich Mean Time) — поим што првично го означувал средно сончево време на Кралската опсерваторија во Гринич, Лондон. Може да се рече дека ова време е истоветно на координираното универзално време (UTC) и кога се смета за часовен појас, името „средно време по Гринич“ наоѓа особена примена во организациите поврзани со Велика Британија како што се Светската служба на Би-Би-Си,[1] Кралската морнарица, Метеролошката служба на Британија и други.
сино | Западноевропско време (UTC+0) Западноевропско летно време (UTC+1) |
светлосино | Западноевропско време (UTC+0) |
црвено | Средноевропско време (UTC+1) Средноевропско летно време (UTC+2) |
беж | Источноевропско време (UTC+2) Источноевропско летно време (UTC+3) |
жолто | Калининградско време (UTC+2) |
зелено | Московско време (UTC+3) |
црно | UTC−01: Зелено‘ртско време. |
зелено | UTC: Западноевропско време · Средно време по Гринич. |
сино | UTC+01: Средноевропско време · Западноафриканско време · Западноевропско летно време. |
црвено | UTC+02: Источноевропско време · Средноафриканско време · Западноафриканско летно време · Јужноафриканско стандардно време. |
жолто | UTC+03: Источноевропско летно време · Источноафриканско време. |
сиво | UTC+04: Маврициско време · Сејшелско време. |
Пред воведувањето на UTC на 1 јануари 1972, средното време по Гринич (наречено и „зулу-време“) било исто со универзалното време (UT), што претставува стандарден астрономски концепт кој наоѓа примена во голем број на технички полиња. Астрономите повеќе не го користат поимот „средно време по Гринич“.
Во Британија GMT важи само во текот на зимата. Лете важи британското летно време. GMT е исто со западноевропското време.
Пладнето според средното време по Гринич не е секогаш моментот кога пладневното сонце го преминува гриничкиот меридијан. Ова се должи на нерамномерната брзина на Земјата во елиптичната орбита и нејзиниот осен наклон. Самиот физички настан може временски да се разликува за (највеќе) цели 16 минути од пладнето по GMT (недоследност позната како часовна равенка). Ова измислено средно сонце претставува годишен просек на нерамномерното движење на вистинското Сонце, што е причината за зборот „средно“ во средното време по Гринич.
Историски, поимот GMT се однесувал на два начина на сметање на времето, зависно од тоа дали денот почнува од полноќ или пладне. Поимите UT и UTC се недвосмислени бидејќи кај нив нултиот час отсекогаш бил на полноќ.